Вести

ОГРОМНА ТРАГЕДИЈА: Млад Македонец убиен во Германија

Advertisement

32-годишен Македонец викендов е убиен од страна на двајца Еритрејци во германскиот град Есен.

Германските медиуми пренесуваат дека смртоносниот напад се случил среде центарот на градот. Македонецот бил толку многу претепан што починал од повредите. Како оружје за убиство користеле шише од пиво.

Advertisement

Во саботата вечерта, околу 2 часот по полноќ, двајца Еритрејци, едниот на 25 години, другиот на 29 години, првично се расправале со Македонецот. Но, расправијата прераснала во брутална тепачка.

Според информациите на тамошните медиуми, Еритрејците го тепале Македонецот со пивско шише додека тој не колабирал. Осомничените сторители потоа побегнале кон главната железничка станица.

Сведок му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил во несвест – но веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина за кратко време од сериозните повреди“, изјавил портпаролот на полицијата.

Поради добриот личен опис на сведокот, полицијата успеала да уапси еден осомничен (25) на железничката станица во Есен, а другиот (29) на железничката станица во Милхајм.

29-годишниот сега е во притвор за убиство од небрежност, а 25-годишникот повторно е во бегство. Обдукцијата на жртвата откри дека причината за смртта е траума од тапа сила.

Се уште е целосно нејасно за што се расправале тројцата мажи. Комисија за убиство сега го истражува случајот под раководство на јавното обвинителство во Есен.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button