Вести

ОГРОМНА ТАГА – Почина познатиот актер

Advertisement

Почина актерот Дејвид МекКалум, познат по улогата во долгогодишната хит серија на CBS „NCIS“, се вели во соопштението на мрежата. Тој имаше 90 години.

„Тој беше најљубезниот, најкул, најтрпеливиот и љубезен татко“, напиша неговиот син Питер МекКалум во изјавата од семејството, дадена од CBS. „Секогаш го ставаше семејството пред себе.

Advertisement

МекКалум почина од природна смрт опкружен со своето семејство во презвитеријанската болница во Њујорк, соопшти Си-Би-Ес.

МекКалум ја освои поновата генерација на обожаватели со улогата во популарната серија „NCIS“.

Advertisement

Актерот починал пред два дена од природна смрт во презвитеријанската болница во Њујорк, опкружен со своето семејство, соопшти „Си-би-ес“ (CBS News).

„Тажни сме поради смртта на Дејвид МекКалум и привилегирани што „Си-би-ес“, беше неговиот дом толку многу години. Дејвид беше надарен актер, писател и сакан од многумина ширум светот.

Водел неверојатен живот, а неговото наследство засекогаш ќе живее преку неговото семејство и безбројните часови на филмот и телевизијата, кои никогаш нема да исчезнат“, се вели во соопштението.

Роден во Шкотска, син на двајца музичари, тој имаше актерска кариера која се протегаше седум децении, а датира од неговите студентски денови во 1950-тите на лондонската Кралска академија за драмска уметност, каде што една од неговите соученици била ѕвездата Џоан Колинс.

Својата кариера ја започна со споредни улоги во голем број британски филмови, вклучувајќи ја и „A Night to Remember“ (1958), каде што го играше Харолд Брајд, радио оператор на Титаник.

Тој го привлече вниманието на американската публика со неговата мала, но клучна улога како еден од заробениците што планира масовно бегство од германски затворски логор во класиката „The Great Escape“ од 1963 година.

МекКалум гостуваше и во бројни американски ТВ серии, а во 1964 година се појави во шпионската серија „U.N.C.L.E.“ со американскиот актер Роберт Вон.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button