Почина познатата пејачка и уметничка Александра Слаѓана Милошевиќ, потврдила за српските медиуми нејзина пријателка.
Таа била тешко болна, имала инфекција на белите дробови и во еден момент била позитивна на Ковид 19, пишуваат српските медиуми.
Како што додаваат, таа последните десетина дена е во болница на лекување.
Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3 октомври 1955 година и важеше за икона на новиот бран од осумдесетите во Југославија.
Првиот самостоен настап го имала на фестивалот „Студентско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освоила „Гран при“.
Милошевиќ почна да крши табуа кога објави песна наречена „Секси дама“, која беше забранета да се емитува на бројни радио и телевизиски програми.
Во 1979 година ја промовираше песната „Амстердам“, а во 1981 година настапи на изборот за југословенски претставник на Евровизија во Белград и го освои осмото место со композицијата „Рецепт за љубов“.
Во 1984 година со Дадо Топиќ ја сними песната „Принцеза“, која беше преведена и на англиски