Вести

ОГРОМНА ТАГА! Двегодишно дете умрело од глад, се мачело со денови, еве каде го нашле (ВИДЕО)

Advertisement

Двегодишното момче Бронсон Батерсби, од Скегнес, Велика Британија, умрело од глад до телото на својот татко кој починал од срцев удар.

Случајот предизвика бес на островот, при што многумина се прашуваат зошто социјалните служби не го спасиле малото дете.

Advertisement

Мајката на Бронсон, Сара (43), рече дека луѓето мора да се потпрат на социјалните работници за да знаат дека децата се безбедни. Во гратчето во кое живеело починатото дете започнал увид во сите социјални служби.

Малиот Бронсон остана сам, без храна и вода. Социјалните работници го посетиле изнајмениот стан во кој живеел Кенет на 2 јануари, а два дена подоцна повторно. И во двата наврати никој не им ја отвори вратата.

Тие ја контактирале полицијата, но поминале уште пет дена пред да бидат пронајдени телата на Бронсон и Кенет на 9 јануари.

Прелиминарните резултати открија дека Бронсон починал од дехидрација и глад.

– Ако социјалните служби ја завршеа својата работа, Бронсон сè уште ќе беше жив. Но, тие не направија ништо. Не ми се верува… Не можат да се извлечат со ова. Мораме да се потпреме на социјалните работници за да ги чуваме нашите деца безбедни – рече таа.

Таа додала дека ги видела резултатите од обдукцијата, а малото момче починало од глад откако починал неговиот татко.

– Мислат дека Кенет починал најрано на 29 декември. Да упаднеше социјалната работничка кога не доби одговор на 2 јануари, тогаш Бронсон се уште ќе беше жив – рекла Сара.

Таа открила и дека не можела да го подигне телото на нејзиниот син, бидејќи било премногу кревко. Последен пат го видела Бронсон пред Божиќ, а последен пат момчето живо било видено од сосед, кога малото дете му мавтало пред вратата.

Советот на округот Линколншир вели дека социјален работник го посетил станот на 2 и 4 јануари и ја контактирал полицијата во двата наврати.

На крајот го зела клучот од сопственикот и нашла грозоморна сцена. Полицијата и Брзата помош излегле на терен, но можеле само да констатираат смрт.

Семејна пријателка изјавила дека смртта на момчето и го скршила срцето.

– Бронсон заслужи повеќе. Тој беше толку сакано, прекрасно момче. Го најдоа завиткан пред нозете на Кенет. Тој беше оставен во темнина и сигурно беше преплашен и збунет. Сигурно мислел дека татко му заспал. Сигурно се обидувал да го разбуди. Сигурно врескаше. Не знам како соседите не слушнаа – се чудеше таа.

Таа вели дека социјалните работници знаеле дека на Кенет не му оди добро и морале да знаат дека постои шанса малиот Бронсон да остане сам.

Полицијата соопшти дека нема сомнителни околности, како што е труење со јаглерод моноксид, и го упати случајот на судска медицина.

Кенет не можел да работи поради срцева болест, а социјалните служби го класифицирале како ранлив, поради што бил посетуван на неделно ниво.

– Кенет го сакаше Бронсон повеќе од било што. Тој би направил се за него. Тие беа сè еден на друг. Постојано имам слика во мојата глава како Бронсон се обидува да го разбуди татко му, сам и збунет. Толку ме лути – рекол еден семеен пријател.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button