ОГРАБЕНА ЅВЕЗДАТА ОД ГРАНД – Крадците му оставиле порака, пејачот шокиран кога прочитал што пишува!

Пејачот Никола Стефановиќ Колани доживеал непријатност кога бил ограбен на бензинска пумпа, по што во паричникот нашол порака од крадецот и останал шокиран.
Пејачот по две последователни свирки се враќал во родниот град, а на враќање дома застанал на бензинска пумпа каде му бил украден целиот хонорар.
Колани ги потврди овие наводи за Гранд и објасни како се случила кражбата.
– Се враќав од настап и застанав на бензинска да наполнам гориво, не ни сомневајќи се дека може да ме ограбат, илјада пати сум наполнил гориво на истата пумпа. Го извадив паричникот и го ставив на покривот од автомобилот, почнав да точам гориво, по што отидов на каса да платам – ја започна приказната Колани и продолжи:
– Кога стигнав до касата, се фатив за џебот каде што обично го чувам паричникот и сфатив дека го нема, дека сум го оставил на покривот од автомобилот. Но, кога се вратив имав што да видам – празен паричник, буквално без ниту еден динар. Така некој го искористи моментот и среќа во несреќа, ми остави само документи.
Сепак, најголемиот шок дошол кога ја прочитал пораката која била во празниот паричник.
– До документите најдов белешка на која пишуваше „Извини, гладен сум“. Што да кажам после ова… Кој земал нека биде.
Воопшто не ми е жал, иако на почетокот бев многу изнервиран, но после таа порака немам што да кажам. Парите се минливи, ќе се заработат – нагласи Колани и раскажа како успеал да го плати горивото што го наточил без пари.
-Ќе одам да го вратам горивото назад (се смее), но за среќа ме препозна вработениот од пумпата, бидејќи често застанувам таму, и тој ми плати. Се разбира, подоцна му ги донесов на човекот парите што ми ги даде и му благодарам за тоа. Има уште добри луѓе – заклучи Колани.