Овој џемпер е хит на Интернет – најверојатно и вие го имате во плакарите, погледнете како да го носите!
Инстаграм и Пинтерест се две социјални мрежи кои ги дефинираат трендовите!
Еве каков џемпер препорачуваат на овие социјални мрежи за 2018 и 2019 година.
Полека но сигурно преминуваме во сезоната на топлите и мекани џемпери, па како и секоја година побаравме инспирација на популарните социјални мрежи за тоа како да ги комбинираме овие парчиња.
Од она што можевме на прв поглед да го забележиме е тоа дека и Пинтерест и Инстаграм се окупирани од една од нашите омилени бои – во прашање е сивата која одлично стои со сé и може да ви остави доволно простор за да ја комбинирате со останатите ваши омилени бои.
https://www.instagram.com/p/Bobe3olB92q/?utm_source=ig_embed
Како што пренесува еден американски портал сивиот џемпер (grey sweater) е најчесто користениот збор на Пинтерест и Инстаграм во последните неколку недели и навистина можете да пронајдете милион различни начини на овие социјални мрежи како да го носите и вие оваа есен.
https://www.instagram.com/p/Bo6hoS-lSWL/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/BbqD4idnVYj/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/Bo6MLYxFHes/?utm_source=ig_embed