Реклама
Вирално

Овој човек се оженил со Албанка која пред свадбата ја видел само на фотографија – без предрасуди зборува за нивниот брак

Реклама

Невести од Албанија се доселуваат и во македонските села

Фото: Илустрација

Жени од Албанија во последните години се доселуваат како во Србија, така и во селата низ Македонија.

Овие жени ги разбиваат предрасудите и благодарение на нивната вредност досега ретко кој маж се пожалил на својата избраничка која дошла од некое далечно и сиромашно село. Тие се поприлично пожртвувани, а според многумина помага и тоа што тие му го носат на сопругот од дома.

Маркетинг

Професорот Миленко Богдановиќ од Србија потврдува дека невестите од Албанија не се добредојдени само во селска средина, туку и во градските. Тој вели дека најмногу во животот сакал да може да оформи семејство, па решил сите предрасуди да ги остави на страна.

Невестата на Миленко доаѓа од Скадар, а професорот идната сопруга најпрво ја видел само на фотографија.

Маркетинг

Иако дејствието се случува во 21 век, приказната ги има сите традиционални елементи.

„Нејзините сестри тука живеат веќе 10 години и знаев дека се работи за прекрасно семејство. Се договоривме и јас заминав во Скадар“, се сеќава Миленко на својата прва средба со убавата Вјолца. По нивната прва средба тој бил сигурен дека таа е жената со која ќе остане до крајот на животот.

Тоа е судбина, мене мојата интуиција ме водеше на тој пат и не згрешив, вели тој, а пренесува „Србија денес“.

Фото: Илустрација

По четири години тие ја добија ќерката Ирена, која уште повеќе го оцврсти нивниот брак. Денес овие двајца вредни луѓе се доказ дека љубовта може да ги победи сите граници и предрасуди, и дека соништата можат да се остварат, а во нивниот случај тоа беше да остварат семејство.

И Македонци купуваат невести од Албанија

Инаку, невестите од Албанија се популарни и во селата низ Македонија каде ергените мака мачат да ги убедат Македонките да се омажат со нив. Нашинките сакаат да избегаат во градовите, па затоа бараат прилика да се омажат за некој. Од друга страна и популарната мрежа Фејсбук допринесе посредувањето помеѓу ергените од Македонија и девојките од албанските рурални средини да биде полесно. На оваа социјална мрежа постојат дури и многу профили за брачно посредување. Па така не ретко Македонци ќе одлучат да купат Албанка за брак, по цена од 2000 до 3000 евра.

Фото: Илустрација

Овие девојки најчесто доаѓаат од Кукуш, а во Македонија доаѓаат поради тешкиот живот каде што целиот товар во домаќинството паѓа на жената. Затоа за нив најдобриот начин е да избегаат од селото, а мажењето преку граница го гледаат како излез од таквата тешка ситуација.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button