Кјара Ферањи е една од оние дами што блогирањето го направија бизнис, а благодарение на нејзиниот портал „The Blonde Salad“ Форбс ја рангираше на првото место на листата на модните инфлуенсерки.
Познатата модна блогерка викендов го кажа своето судбоносно „ДА“ на италијанскиот пејач Федез, со кого има и син, Леон, кој се роди во март оваа година.
https://www.instagram.com/p/BnMVJUNHHpX/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Кјара за венчавката избра раскошна венчаница со потписот на Диор која специјални за неа ја дизајнираше креативната директорка на оваа модна куќа.
https://www.instagram.com/p/BnOHr_5BG_n/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Парот блескаше, заедно со синот …
Но колку венчаницата и да изгледаше феноменално, сите зборуваат за моделот што го носеше по церемонијата. Имено и овој фустан е изработен од модната куќа Диор, а е посебен бидејќи на него стојат стиховите од познатата песна што нејзиниот избраник ја напиша специјално за неа и прв пат ја изведе на концертот кога и ја запроси.
https://www.instagram.com/p/BnMicupnxYR/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BnO4Q6XHbYY/?taken-by=chiaraferragni
Погледнете како изгледаше и овој момент кога пејачот и го приреди најубавиот момент во животот…