Овој фустан докажува дека кралицата Летиција е модна икона и една од најдобро облечените дами од кралскиот двор (фото)
Шпанската кралица повторно потврди дека заслужено ја носи титулата за најдобро облечена дама на кралскиот двор.
Шпанската кралица Летиција заедно со својот сопруг, кралот Фелипе VI, беа домаќини на претседателот на Перу и неговата сопруга со кои беа и на отворањето на Меѓународниот саем на современа уметност ARCO 2019 во Мадрид.
Таа на овој настан се појави во фантастичен кожен фустан од „& other stories” кој го носеше во комбинација со салонки од „Prada“ и чанта од „Uterque“.
Фустанот е со едноставен, но крајно модерен крој кој беше идеален избор за место каде што уметноста ги прекинува сите врски со традицијата. Летиција одамна ги прекршува различните кралски правила на облекување, а со тоа и редовно ги поместува границите на кралската мода.
Фустанот од брендот „& other stories“
Можеби порано беше незамисливо да се види жена на нејзина функција во кожен фустан, но благодарение на храбрата и убава Шпанка, сега можат да си го дозволат и другите членови на кралското семејство.
Ако Летиција може, зошто да не можат и тие, нели? Еве уште неколку кожени комбинации на кралицата…