Реклама
Трендови

Овој фустан важи за еден од најпопуларните на социјалните мрежи

Реклама

Нема девојка на која не и се допаѓа овој фустан

Неема потреба да споменуваме колку оваа сезона се популарни зелените нијанси, нели? Доволно е само да отворите неколку блогови или профили на Инстаграм на познатите ИТ девојки и веднаш ќе забележите дека токму овие нијанси беа и се уште се еден од водечките трендови за оваа летна сезона, а најверојатно нема да одат никаде и во наредните неколку месеци.

Маркетинг

И на Пинтерест веќе владее епидемија во која главниот збор во пребарувањата го има модниот термин „зелена естетика“, а според статистиката порасната е продажбата речиси на сите зелени парчиња со дизајнерски и хај-стрит потпис кои од полиците ги снемува со брзина на светлината.

Маркетинг

Но еден фустан ова лето дефинитивно се издвои како еден од најпопуларните кога се во прашање зелените нијанси.

Станува збор за познатиот британски моден бренд „Ghost“ кој својата популарност ја стекна во 90-тите години на минатиот век, а во моментов важи за еден од најпопуларните на социјалните мрежи, особено ако судиме според бројот на фотографиите што ги објавуваат познатите блогерки.


Во прашање е фустанот „Ayla“ кој на Интернет може да се најде по цена од околу 10.000 денари. Моделот потполно се вклопува во трендот со зелени нијанси, а зачинет со преубав цветен дезен ги освои вљубеничките во модата од целиот свет кои ова лето буквално не излегуваат од него.

https://www.instagram.com/p/BlyZDwylyDe/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/BmaktBTAUwY/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/BmRDxAwHRjE/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

https://www.instagram.com/p/Bl5sncAF2ON/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

 

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button