Овој фризер ги учи жените да си ја засакаат својата побелена коса, без фарба изгледаат извонредно
Пред неколку години, жена влегла во фризерскиот салон на Џек Мартин во Тастин, Калифорнија и му рекла дека и е доста од фарбањето на косата. Таа се фарбала најмалку еднаш месечно за да ги покрие побелените влакна и веќе и здосадило.
Имала други приоритети во животот, а нејзината коса не е еден од нив. Таа средба го поттикнала Мартин да им помогне на жените да си ја засакаат побелената коса и неговите трансформации се неверојатни.
https://www.instagram.com/p/CEpevhBpuOY/
За разлика од редовното фарбање на секои 4 до 6 недели со фарба која ги покрива побелените корени, Мартин вика дека по третманот кај него имаат не мора да одат на фризер по неколу месеци. „Моите клиенти со природна побелена коса доаѓаат два или три пати во годината, наместо на неколку недели, вели тој.
https://www.instagram.com/p/CAtA5KsJeuE/?utm_source=ig_embed
Мартин прави еден единствен третман кој трае 10 часа. Прво користи средства за отстранување на претходната боја добиена од фарбање. Потоа тој користи бланш за остатокот од главата, при што ги остава побелните корени такви какви што се, за да ја подготви целосната сребрена боја. Краен резултат е прекрасна сива коса кој секој би ја посакал.
https://www.instagram.com/p/CEuJtyUpB53/
Не сите нијанси на сиво и сребрено се исти Мартин го цени тоа, и затоа тој користи различна боја за секоја жена за да се следи нејзината природна побелена нијанса. Тоа се гледа во првите неколку милиметри од коренот на косата на секоја жена.
https://www.instagram.com/p/CAhGySYpE6b/?utm_source=ig_embed
„Некои клиенти имаат сол и бибер најчесто од напред, а позади е потемна, и јас тоа го комбинирам и додавам малку темно на тоа“, објаснува овој фризер.
https://www.instagram.com/p/B_p_xdspcB-/?utm_source=ig_embed
Идејата дека побелената коса значи некако „старост“ или неубаво нешто е смешна, и џЕК Мартин прави жените се повеќе да го разберат тоа и да уживаат во својот нов зрел и фантастичен изглед.