Реклама
UncategorizedНаши ѕвезди

Овој турски актер го засени и Бали Бег – актетот кој ја освои цела Македонија открива која жена може да му го украде срцето!

Реклама

Новата турска актерска ѕвезда е секако 31-годишниот Кан Јаман кој ги плени обожавателките со својот шарм и интелигенција.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

За да го осовите Кан Јаман најлесно можете да допрете до него со искрено отворено срце.

Харизма, одлична смисла за хумор, лежерност и неверојатна интелигенција веднаш ќе ве маѓепсаат и ќе го претворат во негова обожавателка, дури и ако немате идеја кој е тој – така колегите го опишуваат попопуларниот турски актер, 31-годишниот Кан Јаман кој неодамна, според женските списанија, тој ја доби титулата совршен маж, најдобриот во светот.

Маркетинг
ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Овој талентиран уметник, кој го краси со малку див изглед, има албански гени и се прослави со улогите во популарните турски сапуници.

– Мојот дедо по татко е албански имигрант од Косово, а баба ми е имигрант од Македонија.

Маркетинг
ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Таткото на мајка ми беше црвенокос и зборуваше дури шест јазици. Секогаш ме фасцинираше и се обидував да личам на него што е можно повеќе.

Многумина се шегуваа и велеа дека физички сме слични и ми велат дека дедо ми бил еден од најубавите мажи во својата младост.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Двете баби се вклучени во моето воспитување уште од раното детство затоа што моите родители се разведоа кога имав пет години – вели актерот кој се пролави кај нас со серијата „Романтичарот“.

– Серијата ја следам само поради овој совршен човек за кој сонувам дење и ноќе. Бали-бег може да се скрие затоа што доби жестока конкуренција. Всушност, Кан нема конкуренција – стои еден од коментарите кој ги доби токму згодниот Кан Јаман.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

И додека многу турски актери градат кариери со години, Јаман стана популарен речиси преку ноќ. Тој ги освои симпатиите на гледачите благодарение на улогите во сериите „Меѓу два пожара“ и „Јан“, а ги освои и режисерите кои одеднаш почнаа да го опсипуваат со ангажмани.

Тој по професија е адвокат, а по дипломирањето во 2012 година, започнал да работи за „Прајсвотерхаус Куперс“ и да пишува статии за рубриката за економија во весникот „Дуња“. Но, додека тој бил на одмор, еден пријател го убедил да се пријави на кастинг за серијата и тој веднаш ја добил својата прва улога.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Пред да глумам, бев адвокат, и го одбрав правото затоа што секогаш читав брзо и неверојатно добро се сеќавав. Сакав да учам цел ден и уживав да решавам правни проблеми.

Како практикант, се вработив во адвокатска канцеларија, но за кратко време забележав дека теоријата е сосема поинаква од праксата. Сите само седеа на компјутерите и немаше никаква акција.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Освен тоа, сфатив дека Турција е многу корумпирана, затоа решив да се повлечам, но тоа не значи дека се откажав од правото. Всушност, јас сум партнер во една адвокатска канцеларија.

Мојата авантура во актерскиот свет започна откако го запознав менаџерот Илкер Билги кој ме советуваше да одам на часови по глума. Никогаш не сонував за актерска кариера во помладите години, но тоа едноставно се случи – објаснува тој.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Фактот дека речиси осум милиони луѓе го следат неговиот Инстаграм доволно зборува за неговата популарност. Статуц на освојувач на женските срца го потврди и гостувајќи во една италијанска емисија каде публиката беше преполна со жени и шест мажи.

Тој исто така освои сè на Канскиот фестивак кога дојде да ја промовира популарната серија ‘Дневник’. Неговите обожаватели го окупираа аеродромот во Ница претходниот ден за да го видат во живо. Освен помладите девојки, тој е многу популарен и кај постарите дами, кои честопати го контактираат преку социјалните мрежи.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

– Би можел да кажам дека сум попопуларен и посакуван кај повозрасните дами . Често ми праќаат разни понуди. Сето тоа е забавно и смешно за мене, но, исто така, ми ласка, се разбира – признава тој.

Кога станува збор за жените, Кан открива дека нема одреден тип на девојки кои му се допаѓаат но истакнува дека во врските, без разлика дали се љубовни, пријателски или деловни тој неподнесува нелојалност.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

– Кога би сфатил дека некој ме лаже и не ми е верен, би бил многу тажен. И веднаш би ја напуштил таа личност. Ако некој ми го направи тоа, без разлика кој е, ќе се налутам. Со љубов им приоѓам на луѓето и им ги отворам срцата, па затоа и јас тоа го очекувам за возврат – вели тој.

– Како дете навистина го почтував мојот тренер по кошарка. Ќе фрлав триесетина удари, и ако не му се допаднеше тоа, немаше да играм. Во средно училиште бев за заљубен во наставничката по англиски јазик, па и напишав песни дома и потоа и ги предадов како домашна задача.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Таа не веруваше дека јас и ги пишував, па ја повика мајка ми и ќе и кажеше„Ве молам, немој да му пишувате домашни задачи на своето дете“. На пример, ако ми се допаѓа режисер како личност, ќе ја играм мојата улога подобро.

Јас не сум тип на човек кој се потчинува на авторитет, но ако го сакам и почитувам, ќе го слушам и ќе му бидам лојален. Ако жената е арогантна и се однесува како да е кралица, сигурно нема да успееме затоа што тоа многу ме одбива.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Ми се допаѓаат девојки кои се шегуваат, но попатно остануваат дами. Не ме привлекуваат жени кои зборуваат како мажи и имаат премногу длабок глас.

Освен тоа, не ми се допаѓаат оние кои бегаат или се обидуваат да бидат мистериозни. Би било добро да бидам со личноста со која станувам најдобрата верзија на себе – открива тој.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

И, во најдобрата верзија, се чини, Кан ја претвори италијанска новинарка, 28-годишната Дилета Леота, за која со недели се шпекулираше дека е негова нова девојка.

Иако многу фанови се надеваа дека станува збор само за лага, тие двајца споделија заедничка фотографија на Денот на вљубените и на тој начин му открија на светот дека се навистина за вљубени.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Но, многумина сега отвораат обложувалници преку Интернет и шпекулираат за тоа колку двојката ќе остане заедно. Според турските медиуми, Кан досега имал околу 20 врски, но ниту една не траела повеќе од неколку месеци.

Велат дека нема среќа во љубовта и дека се надева дека романсата со една од најубавите новинарки ќе трае.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Почнаа да пишуваат на социјалните мрежи откако тој дојде во Италија за некои проекти. Тие се запознале благодарение на заедничките пријатели. Кан го направил првиот чекор.

Во следните денови тие размениле многу повеќе од само пораки на социјалните мрежи, и тој сфатил дека поради неа е подготвен да се пресели во Италија. Дилета ќе одлучи дали ќе започнат да живеат заедно – открил за италијанските медиуми пријател на турскиот актер.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Имено, се вели дека сè започнало откако тој заминал во Италија на аудиција за „Сандокан“, римејк на истоимената серија од 1976 година. Потоа, сосема случајно, ја запознал Дилета која го освои на прв поглед.

Иако Кан неодамна изјави дека нема доволно време за девојки, откако ја запозна Дилета, сè се смени.

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

 

 

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

 

 

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

 

 

ФОТО: Кан Јаман / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button