Вирално

Овој симптом на коронавирусот алармира дека лицето потешко ќе се разболи, а не го сметаат за многу важен

Advertisement

Симптомите од коронавирус се манифестираат на различни начини, но истражувачите успеале да ги идентификуваат оние најчестите.

Advertisement

Коронавирусот САРС-КоВ-2 е опасен предатор зошто го напаѓа организмот на потполно неочекувани начини. Симптомите како упорна кашлица и температура веќе се одамна познати, но нивните ефекти ги надминаа типичните симптоми на настинка.

Иако веќе 10 месеци се бориме со коронавирусот, истражувањата и натаму продолжуваат да мапираат неброени начини на кои ковид може да ги наруши телесните процеси, а некои од најосновните се однесуваат на гастроинтестиналниот тракт.

Advertisement

Гастроинтестиланиот тракт се состои од низа шупливи органи споени во долга чевка сомногу набори од устата до анусот. Дел е од човечкиот систем, па кога работата не овие органи е отежната, дигестивните проблеми се појавуваат.

Многу извештаи сугерираат дека луѓето заразени од ковид имаат гастроинтестинални симптоми заедно со, или дури и пред респираторните проблеми.

Извештајот објавен во журналот БЈС опфати 25.210 пациенти, 75 студии од Кина и 18 студии од другите земји.

Губењето апетит и диареја биле најчестите гастроинтестинални симптоми, проследени со мачнина и повраќање.

Болките во стомакот се исклучително ретки, па ги има во многу мал број случаи.
Исто така, досегашните студии опфатени во извештајот покажуваат дека гастроинтестиналните симптоми биле во корелација со потешките форми на ковид и биле зачестени кај луѓето кои потоа завршиле на интензивна нега.

Сепак, и покрај тоа најмногу внимание и натаму се придава на респираторни симптоми – кашлица, температура и губењето на мирисот, па лекарите апелираат дека и стомачните мачнини што порано да се вклучат во официјалните симптоми.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button