Реклама
CelebrityНовости

Овој потег на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам разнежни многумина

Реклама

За разлика од принцот Хари и Меган Маркл, Вилијам и Кејт Мидлтон ретко делат нежност во јавноста.

Иако нема посебни правила со кои кралското семејство забранува нежности во јавност,  како иден крал, Вилијам добил совет тоа да го избегнува во своите јавни настапи, откри за магазинот „People“, експертот за однесувањето во кралското семејство,  Мика Мајер.

Маркетинг

Затоа оваа прошетка на која тие двајца се држат за раце додека се шетаат стана хит на интернет.

Видеото беше снимено пред палатата Кенсингтон кратко пред да се качат на хеликоптерот и заминат за Блекпул, каде беа во посета по службена должност.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BuqvHbcFRSQ/

Досега тие покажаа нежност само за време на неофицијални или семејни настани, а тоа беше ретко.

Последен пат тие беа „фатени во романтична акција” на свадбата на принцезата Евгенија во октомври минатата година. За време на нејзината црковна церемонија, Кејт ја држеше раката на коленото на Вилијам, а оваа фотографија беше голем хит на социјалните мрежи.

Поврзано

Back to top button