Реклама
Трендови

Овој необичен модел на обувки можете да го мразите, но многу жени во Македонија не ги соблекуваат од нозете (фото)

Реклама

Тие ќе бидат хит и оваа есен

Ова лето беше во знакот на еден специјален вид на обувки, а според модните професионалци тие ќе бидат хит и на почетокот од есента. Во прашање се таканаречените „mule“ сандали, односно папучи, а за да се уверите во тоа колку се популарни доволно е само да ѕирнете во било која нова есенска колекција на некој „хај-стрит“ или луксузен бренд.

Маркетинг

Ваквите обувки уште пред три години се вратија на сцената која се појави култниот рамен модел од кожа на „Gucci“ украсена со крзно во внатрешниот дел, но дури сега „експлодираше“, па речиси да нема жена на светот која што ја следи модата, а да ги нема во своите плакари.

Маркетинг

Покрај рамните „муле“ сандали кои се мошне практични – бидејќи се елегантни, а и удобни, сé попопуларни се и оние со потпетици кои визуелно ги издолжуваат нозете и стајлингот го прават уште поотмен.

На рафтовите во бутиците можете да пронајдете бескраен избор на модели, од оние со блок потпетици или со шпиц врвови, отворени прсти, украсени со панделки или циркони, во силни бои, но и во неутрални… Изборот направете го сами, па носете ги со сé со што имате во плакарите.

Во нашата галерија погледнете како ги носат славните убавици и најпознатите модни блогерки на светот.

Поврзано

Back to top button