Наши ѕвезди

Овој музичар е најбогатиот пензионер во Србија: Секој месец на сметка му легнува баснословна сума

Advertisement

Откако на една странска компанија ѝ го продаде својот удел во „Гранд“, поранешниот генерален директор на оваа продукција прима плата во износ од 200.000 евра годишно, наводно дознал извор близок до Поповиќ.

Advertisement

Неговото ангажирање во емисијата „Ѕвездите на Гранд“, чиј заштитен знак е уште од 2004 година, чини по 5.000 евра по емисија. Тоа значи дека Поповиќ само овој месец, во кој ќе се прикажат 5 емисии, ќе инкасира 25.000 евра, пари што ги ги посакал секој пензионер на Балканот.

Саша сега се води како специјален советник задолжен за „Ѕвездите на Гранд“, во чие снимање детално е вклучен. Тој и натаму максимално е посветен на осмислувањето ан концептот на емисијата, кандидатите, организацијата на сето врзано со продукцијата, па жирито, неговиот состав и балансирањето на членовите.

Advertisement

Овој договор на кој Поповиќ се согласил се однесува всушност на девет месеци од неговата хонорарна работа во „Ѕвездите на Гранд“, кога емисијата премиерно се емитува, додека јули, август и септември се резервирани за одмор.

Парите кои Поповиќ ги заработува не треба да зачудуваат ако се знае дека “Ѕвездите на Гранд“, веќе со години се најгледана забавно- музичка емисија и дека продукцијата и телевизијата профитираат значителна сума од реклами.

Како генерален директор на „Гранд Продукција“ заработувал значително повеќе отколку сега, но решил сепак да го забави тоа темпо, па од почетокот на годината повеќе не е на таа функција.

– Се што се однесува до деловните потфати на Саша Поповиќ и „Гранд Продукција“ може само да се коментира, но не и она што се однесува до неговите приватни работи, велат од неговата ПР служба.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button