Реклама
Модни совети

Овој моден трик на Меган Маркл треба да го знаат сите бремени жени

Реклама

Меган Маркл наскоро треба да го роси својот наследник, но тоа не ја спречува да присуствува на официјалните настани.

Така беше и овој пат која по повод од 50 години од крунисувањето на принцот Чарлс во Бекингамската палата се појави во уште едно феноменално издание. Таа и војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, и овој пат беа во центарот на вниманието, посебно убавата сопруга на принцот Хари, која наскоро треба да го роди британскиот наследник, па нејзиниот стомак секогаш ги радува обожавателите на кралското семејство.

Маркетинг

Војвотката од Сасекс за оваа свечена церемонија во палатата избра бел капут со потписот на дизајнерката Аманда Вакелеј, кој веќе го „фураше“ два пати и кој овој пат го носеше со коктел тоалета со извезен, раскошен металик-златен цветен дезен за кој се претпоставува дека е со потписот на италијанската модна куќа „Dolce & Gabbana“. Целото издание го заокружи со беж високи потпетици од Пол Андру, нараквица со потписот на брендот „Pippa Small Jewellery“ и плико чанта во валкано розова нијанса од „Wilbur & Gussie“.

Маркетинг

Но што е она што ова издание го прави посебно?

Според Сесил Рејнауд, дамата која стои зад брендот „Seraphine“ (кој беше и еден од омилените на Кејт кога беше бремена), бидејќи Меган е жена со ситна телесна градба, нејзиниот стомак доаѓа до израз што и да облече, што ја прави да изгледа многу покрупно. Затоа најдобро решение е да избере кратки фустани кои вниманието од стомакот го префрлаат на нозете, а тој трик како што и самите можете да забележите, поранешната актерка го прави често во последно време.

Имено, таа иако преферира фустани и здолниште со миди крој, откако дозна дека е во блажена состојба, се почесто за јавните настани избира кратки фустани, а сега ја откривме и причината зошто војвотката го прави тоа.

И Кејт Мидлтон, која за разлика од Меган ретко излегува од калапот на кралските правила, за време на бременоста носеше кратки фустани кои инаку не ги носи често.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button