Познатите модни експерти препорачуваат дека оваа есен во мода се враќаат таканаречените „стуткани“ чизми.
Трендот со „стутканите“ чизми на модната сцена се врати минатата зима, а во следните неколку месеци ќе биде многу поприсутен. Тоа веќе можевме да го видиме од новите колекции на познатите дизајнерски брендови „Tibi“, „Saint Laurent“ и британската дизајнерка Стела Мекартни, но и од познатите „хај-стрит“ брендови кои секогаш со будно око го следат најновите случувања на светската модна сцена.
Моделот совршено стои со „skinny“ фармерки или кожни фустани и панталони, а многу познати трендсетерки и модни блогерки, како и дизајнерката Викторија Бекам успешно ги носат и со разиграни здолништа и фустани.
https://www.instagram.com/p/BhGPMKMFn2E/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
https://www.instagram.com/p/BapxtCyBfjf/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
НАШ ИЗБОР:
Zara
Zara
Zara
Valentino
Stella McCartney
Saint Laurent
Office
Malone Souliers
H&M