Сања Кужет познатата водителка која јавноста ја гледа во секоја сезона на „Ѕвездите на Гранд“, сега ги израдува фановите со последните фотографии на кои позира со сопругот.
фото инстаграм/Сања Кужет
Сања ги спакува куферите и заедно со сопругот се упати кон Ровињ.
фото инстаграм/Сања Кужет
Јавноста често нема можност да го види човекот кој и го украде срцето на Сања.
фото инстаграм/Сања Кужет
Но во оваа прилика водителката реши да сподели дел од приватноста и да го покаже сопругот Немања на своите следбеници.
фото принтскрин
Како што напиша во описот на фотографијата на која позира покрај море, денес се навршуваат девет години.
.
фото принтскрин
Иако не сака да зборува за својата љубов, Сања Кужет еднаш откри дека нивната љубовна приказна започнала во средно училиште.
фото инстаграм/Сања Кужет
– Бевме во врска во раните дваесетти. Кога повторно се сретнавме десет години подоцна, го прескокнавме запознавањето па сè беше полесно. Доволен е еден поглед за да се разбереме, без премногу објаснување и трошење енергија на ситни работи – изјави своевремено Сања Кужет, која останува доследна на својата одлука да ја задржи приватноста во блискиот круг на семејството и пријателите.
фото инстаграм/Сања Кужет
– Направив пресек меѓу приватниот и деловниот живот. Сите мои профили на социјалните мрежи се деловни, тоа е нашата заедничка желба. Тој дел од животот е во нашите срца. Не би сакала да давам премногу од себе – изјави во една прилика таа за локалните медиуми.