Доктор Роберт Пари е повеќе од хирург.
Директорот на педијатриска хирургија во детската болница „Акрон“ во Охајо, стана хит на Интернет по неговиот уникатен начин да ги направи своите мали пациенти помалку исплашени.
Откако ќе го спушти скалпелот, Пари го зема своето пенкало за да ги скрие нивните лузни по операцијата со забавни цртани ликови.
Мајка, чија ќерка некогаш била пациентка на Пари, рече дека неговата илустрација навистина го трансформира целото болничкото искуство. „Постои неверојатен стрес секогаш кога детето ви е болно“, изјави Кристина Потс Випки
„Кога има закажано операција, родителите работат напорно за да го сокријат својот страв од постапката, финансискиот стрес на ситуацијата и нивниот терор од нешто што не е во ред“.
„Лекарот рече на Кенеди и на нејзините браќа дека ќе има прекрасна пеперутка откако ќе заврши. Кога Кенеди излезе, сите беа возбудени кога погледнаа на што мисли лекарот. Кенеди беше толку горда на убавиот завој и не се грижеше за лузната“.
Пари работи во болницата од 2011 година и има извршено над 10.000 операции.
„Тоа е прилично посебна работа за сите. За мене е забавно кога ќе видам дека родителите и децата навистина уживаат во тоа, па дури и целиот медицински персонал сака да помага “, изјави лекарот за Си-Ен-Ен.
„Секогаш кога некој од моите деца ќе пристигне во просторијата за опоравување, сите медицински сестри сакаат дa видат каква налепница и каков цртежи има. Мислам дека тоа ги прави сите, вклучително и мене, да се чувствуваат добро “. Тој рече дека за секоја илустрација му се потребни приближно пет минути за создавање.