Реклама
Холивуд

Овој дел од телото на бремената Меган Маркл повторно главна тема во медиумите

Реклама

Принцот Хари и Меган Mаркл уживаа на настапот на „Cirque du Soleil“ во Ројал Алберт Хол во Лондон, а Меган за таа прилика избра темно син светкав фустан потпишан од познатиот француски дизајнер Роланд Мурет, чија цена е неверојатни 6.300 евра, и сандали со ремени од Stuart Weitzman.

Но за Британците кои будно го следат секој чекор на новопечената војвотка, и овој пат како и при нејзината посета на Нов Зеланд, во центарот на вниманието беа нејзините стапала. Имено, тие најпрво дојдоа до заклучок дека користи црвен лак за маникир на нозете, кога веќе лак во боја не може да користи на рацете поради кралските правила.

Маркетинг

Но кога завршија со маникирот, тие преминаа на нејзините лузни и неправилности на стапалата, па така забележаа дека има неправилно зголемување на левото стапало, како и плускавица и лузна од белег на другото, најверојатно настаната од отстранување на плускавивица.

„На десната нога најверојатно има плускавец или задебелување на коската. Претераното носење високи потпетици може да допринесе до појавата на вакви несакани израстоци на нозете. Тоа можеби е и случајот со војвотката Меган“, изјави ортопедот Роберт Даф, а пренесе „Дејли меил“.

https://www.instagram.com/p/BstPg4xgfX8/?utm_source=ig_embed

 

Покрај ова Британците забележаа и дека бојата на едниот нокт е малку оштетена, па се шпекулира дека војвотката од Сасекс нема премногу време за маникир.

https://www.instagram.com/p/BstSXsbFrKS/

Британските медиуми пренесуваат и дека војвотката за оваа комбинација била инспирирана од принцезата Дајана и од фустанот што таа го носеше во 1989 година на Дијамантскиот бал, кога исто како и Меган блескаше во долгата креација со светки речиси со идентичен крој.

Само да потсетиме, Меган во моментов е во блажена состојба и нејзиниот стомак од ден во ден се познава се повеќе, а нејзиното бебе треба да стигне оваа пролет.

 

Поврзано

Back to top button