Овој генијален класик повторно избран за најдобра божиќна песна на сите времиња
Нова година и Божиќ ни се пред вратата, радио станиците пуштаат Божиќни песни, па често се разговара и за тоа која е најдобра. И секој има своја омилена. И додека едни веднаш гласаат за „Wham!“ и нивниот „Last Christmas“, други празниците не можат да ги замислат без Мараја Кери.
Овие песни се такви што можеме да ги слушаме стотици пати во декември и јануари и повторно нема да ни здодеат – бидејќи таков е периодот од годината. Прашањето која е најдобрата божиќна песна на сите времиња британското „Magic Radio“ го постави на својата публика, а на првото место од 12 песни се најде „Pogues“ со Кирсти Макол и нивната генијална „Fairytale of New York“. Во продолжение погледнете ги и останатите „победници” што се на оваа листа.
1. Fairytale of New York – Pogues and Kirsty MacColl
2. All I Want For Christmas Is You – Mariah Carey
3. Last Christmas – Wham!
4. Do They Know It’s Christmas – Band Aid
5. Driving Home For Christmas – Chris Rea
6. Happy Xmas (War is Over) – John Lennon and Yoko Ono
7. Step Into Christmas – Elton John
8. Wonderful Christmastime – Paul McCartney
9. Merry Xmas Everybody – Slade
10. I Wish It Could Be Christmas Everyday – Wizzard
11. Stay Another Day – East 17
12. Merry Christmas Everyone – Shakin’ Stevens
Инаку на „Fairytale of New York“ не и е првпат да ја однесе победата во ваков вид на избор. Во секој случај, тоа е песна на која времето едноставно не и минува и веќе со години го има своето заслужено место на самиот врв на музичките листи на Божиќ, и многумина, како на пример слушателите на ова радио, ја наведуваат како свој фаворит.