Реклама
Дом и семејство

Овие четири работи не треба да ги ставате во фрижидер, може да дојде до труење

Оризот може да се чува во фрижидер, но не подолго од 24 часа.

Реклама

Нутриционистите често знаат да потсетат дека  треба да бидеме посебно внимателни со храната. Познато  е дека постојат одредени намирници кои не треба ни да помислиме да ги ставиме во фрижидерот.

Доколку се прашувате зошто и како фрижидерот може да ѝ наштети на храната, во продолжение дознавте како одредени производи стануваат токсични доколку ги затворите на ладно.

Д-р Димпле Џангда, експерт за здравје на цревата на Инстаграм открива дека постојат намирници кои е „забрането“ да се ставаат во фрижидер. Се работи за лук, кромид, ѓумбир и ориз.

Маркетинг

Лук

Лукот може да мувлоса во фрижидер. „Никогаш не го чувајте лукот во фрижидер бидејќи многу брзо почнува да мувлосува, а мувлата на лукот всушност е поврзана со рак“, вели Џангда и советува лукот да се чува на суво и темно место. „Лукот има ниска киселост, што го прави склон кон акумулација на бактеријата Clostridium botulinum, која е еден од виновниците за ботулизмот“, предупреди таа.

Маркетинг

Кромид

Кромидот е растение кое е отпорнао на ниски температури. Експертот објаснува: “Кога ќе ставите кромид во фрижидер, скробот почнува да се претвора во шеќер и почнува да фаќа мувла. Многу луѓе ја прават оваа грешка. Ја сечат главата на кромидот, половина ја користат за готвење, а другата ја чуваат половина во фрижидер. Не правете го тоа“, апелираше таа.

Ѓумбир

Како и лукот и кромидот, ѓумбирот исто така е подложен на мувлосување. „Почнува да мувлосува многу брзо кога ќе го ставите во фрижидер, а тоа е поврзано со откажување на бубрезите и црниот дроб. Не го ставајте во фрижидер“, предупреди Џангда.

Ориз

Оризот може да се чува во фрижидер, но не подолго од 24 часа. Неварениот ориз може да содржи спори на Bacillus cereus, бактерија која може да предизвика труење со храна. Спорите можат да преживеат при готвење. Бактеријата Bacillus cereus најдобро се развива во температурен опсег од 4 до 48 степени Целзиусови.

Во храната како оризот, бактериите можат да произведуваат токсини додека храната се лади, што доведува до симптоми како што се повраќање, дијареа и стомачни грчеви. Симптомите може да се појават неколку часа по јадење на расипан ориз, па затоа е неопходно веднаш да се побара лекарска помош. Иако смртта е ретка последица, таа не е исклучена. Bacillus cereus може да расте во различни намирници со скроб, од ориз до тестенини.

ФОТО: unspash.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button