Многу луѓе често ја игнорираат интуицијата, бидејќи не можат да ѝ веруваат. Сепак, овие три хороскопски знаци и тоа како ја ценат моќта на интуицијата и знаат како да ја искористат.
Стрелец
Стрелците се најдобри во разграничување на доброто и злото. Секогаш прво се слушаат себеси, а дури потоа туѓото мислење кое воглавно го отфрлаат. Ѝ дозволуваат на интуицијата да ги води низ животот во целост, бидејќи сметаат дека тоа е единствениот исправен пат.
Риби
Рибите од мали длабоко се поврзани со својата интуиција. Кога се во целосен душевен мир, Рибите го слушаат својот разум и разговараат сами со себе и на тој начин ги донесуваат важните одлуки. Секогаш го следат она што им го кажува внатрешниот глас, а особена важност им придаваат и на толкување на соништата.
Шкорпија
Шкорпиите поради својата висока интелигенција, ја користат интуицијата за да ги “прочитаат“ другите. Тие знаат совршено да ја искористат, поради својата склоност кон манипулација и непотребни ризици. Шкорпиите понекогаш ѝ се противат на својата интуиција и често ја занемаруваат.