Овие три дами НЕ ја поднесуваат Анџелина Џоли – Таа е демон, од очите и извира зло!
Откако се разведе од Бред Пит, се поголем е бројот на познати личности кои немаат убави зборови за Анџелина
Познатата холивудска актерка Анџелина Џоли (43) речиси од самиот почеток на својата кариера е жестоко критикувана од страна на своите колеги. Некои од нив отворено зборуваат за тоа дека немаат симпатии кон неа, додека други тоа го кажуваат на индиректен начин. Но едно е сигурно, Анџелина никого не остава рамнодушен, а медиумите постојано се интересираат за секој аспект од нејзиниот живот.
Џенифер Анистон
Џенифер Анистон и Бред Пит беа совршен холивудски пар се додека не се појави Анџелина во животот на познатиот шармер. Од тогаш од авион може да се види дека Џенифер и Анџелина не се поднесуваат и досега речиси никогаш не се појавиле заедно на некој настан. Според американските медиуми Џенифер останала мошне блиска со мајката на Бред и по нивниот развод (тие беа во брак од 2000 до 2005, но немаа деца!). Таа се уште се гледала со неа, додека неговото семејство и покрај тоа што било среќно што конечно добиле внуци, никогаш не можеле да ја поднесат Анџелина.
Челси Хендлер
Комичарката Челси Хандлер (43) која е блиска пријателка со Џенифер и која никогаш не ја криела својата омраза кон Анџелина пред неколку години и го даде прекарот Демон бидејќи како што вели таа, од очите и извира зло.
„Џенифер е невина. Добра сум во препознавање на лоши личности, едноставно не ја сакам Анџелина. Мислам дека не е некој на кого човек може да се потпре“, додаде комичарката. Подоцна ја нарече и прељубничка и жена која растура семејства, а во едно интервју се пошегува и со нејзините деца. „Медокс сигурно е многу лут бидејќи мислел дека дошла да го спаси од земја од третиот свет, а таа го однесе на уште позаеб… место“, вели Челси не штедејќи зборови за Џоли па дури и кога се нејзините деца во прашање.
Амал Клуни
Според некои американски медиуми и Амал Клуни (40) сопругата на Џорџ Клуни (57) не ја поднесува поранешната сопруга на нивниот семеен пријател Бред Пит. Наводно Анџелина додека била во брак со Бред Пит, забранувала да се дружат со брачниот пар Клуни, но неодамна и се јавила на Амал и сакала да ги заборават несогласувањата сега откако го нема Бред, но таа ја одбила бидејќи не сакала да биде пријателка со некој што не го познава.