Реклама
Трендови

Овие сандали можеби нема да ви се допаднат, но важат за еден од најголемите трендови за ова лето

Реклама

Познатата 37 годишна актерка Џесика Алба со своите обожаватели на социјалните мрежи сподели информација дека работи на нов филм.

За потребите на снимањето таа замина во Лондон, а покрај работните обврски таа има и време за уживање со пријателите па беше забележана на вечера во познатиот лондонски ресторан „Chiltern Firehouse“.

Маркетинг

Таа за оваа пригода избра лежерно издание составено од фустан во бела боја, а најмногу внимание привлече со сандалите. Во прашање се таканаречените  „flatform“ сандали кои можеби не се за сечиј вкус затоа што не ласкаат на женската нога и стапалата така добро како едноставните летни обувки или пак класичните високи потпетици, но затоа се апсолутен хит за оваа сезона.

Маркетинг

Во овој случај моделот во боја на кожа и во било каква друга посветла нијанса наместо црна ќе го намали визуелниот ефект и ќе изгледаат значително помали, но познатата актерка одлично се снаоѓа и со нив.

Zara

Steve Madden

Bershka

Pull & Bear

Giancarlo Paoli

Поврзано

Back to top button