Овие плодови сите ги избегнуваме, а НЕ сме ни свесни колку се здрави – прочитајте зошто треба да јадеме мушмули!
Плодот на мушмулата е многу здрав и се смета за природен лек против настинки, воспаление на крајниците и респираторните проблеми.
Природата дозволи ова слатко овошје да созрева токму како што се зголемува бројот на респираторни инфекции.
Мушмулата има силни дејствија против вирозите и запаленијата, а покрај здравјето на дишните патишта, исто така се користи за подобро функционирање на цревата и успешно ја елиминира надуеност. Пектинот, односно диеталните влакна од мушмулата можат да го намалат нивото на маснотии во крвта, како и да ја запрат дијарејата.
https://www.instagram.com/p/Bqkgh2ZALbs/
Истражувањата покажаа ефикасност на мушмулите и во олеснување на прогресијата на остеопорозата и за зачувување на видот. Имено, мушмулите го намалуваат ризикот од катаракта и дегенерацијата на жолтата дамка.
Мушмулата има диуретично својство и помага при секреција на сол на уринарната киселина, со што се намалува ризикот од гихт и камен во бубрезите. Додека да созрее, од зелени мушмули се прави чај со кој може да се испира устата во случај на појава на отворени ранички (афти). И семките на машмулите исто така се ефикасни. Слузта која се ослободува од нив кога се натопени со вода се користи за подготовка на облози, кои се многу ефикасни во отстранувањето на помали повреди на кожата.
https://www.instagram.com/p/Bq4X6zSg8By/
https://www.instagram.com/p/BrBB2oflhqI/