Едно преубаво место во Хрватска кое дефинитивно би сакале да го посетиме.
Во прашање е Moro Beach Stupe кое на Инстаграм стана популарно со споделување на хаштагот #morobeach. Проектот е на Вела Ступе во Корчуланскиот архипелаг кој покрај ресторанот од минатата година вклучува и преуредена плажа, лежалки, мини бар, но и еден детаљ кој го обожаваат сите. Имено станува збор за фамозните атрактивни лулашки во морето на кои никој не можеше да им одолее и ова лето и со фотографиите што ќе ги направи додека се лула да не ги сподели на социјалните мрежи. Покрај лулашките, тука е и преубавата плажа со азурно чисто море како и самата локација која на многумина им претставува симбол за парче од рајот. Погледнете ги фотографиите и ќе видите зошто сите го обожаваат ова прекрасно место.