Летото започна, летните одмори се веќе во тек, а со тоа и подготовките за на плажа.
Мирисот на море, звукот на забавата на плажа, вкусот на највкусните коктели не мами веќе од дома.
Одите на работа, а со паметот сте веќе на плажа?! По работните обврски повикајте ја најдобрата пријателка и право на шопинг! Време е за нов костим за капење.
Секое лето си носи свои трендови, престижните модни списанија веќе ги издиктираа моделите на костими за капење кои се задолжителни за оваа сезона.
Погледнете ја листата и одберете го вашиот омилен.
НЕОНСКИ ЗРЛЕНИ
Доколку сакте светли и впечатливи бои, тогаш овој костим за капење е дефинитивно вистинскиот избор за вас.
СВЕТКИ И ГЛАМУР НА ПЛАЖА
За дамите кои претпочитаат гламур на плажа овој модел би бил идеален, може да одберете црна, сива како на фотографијата, кремаста или беж, како и кафена боја и да изглеате фантастично.
НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО -ЦРВЕНАТА БОЈА
За храбрите жени црвениот костим е секогаш вистинскиот избор. Овој модел со една прерамка дава сексапил во горниот дел на телото, а нискиот струк ќе ја истакне вашата убава фигура.
ЏИНС -КОСТИМ
Овој предлог е ретро модел кој е специфичен, па доколку сакате да сте единствени на плажата тогаш ова е вашиот костим за капење!
ВЕСЕЛИ РИГИ
Вертикални риги во светли тонови кои даваат илузија на истенчување.
ЖОЛТИ БИКИНИ
Жолти бикини со ситни цветчиња совршени за исончаниот тен. Овој модел е задолжителен втор пар откако ќе ја добиете посакуваната чоколадна боја.
ЦРНИ БИКИНИ
Вечната класика на црните бикини не изумира ни за лето 2023!
БИКИНИ ВО НУД БОЈА