Вирално

Овие жени се последните претставнички на племето Апатани што го практикуваат овој стар обичај со „тапи“ во носовите

Advertisement

Жените од ова племе носат „тапи“ за нос

Advertisement

Ако некогаш ветерот ве однесе во Индија, односно поточно во североисточниот дел на оваа преубава земја на Истокот, ќе забележите нешто чудно кај жителите во помалите села. Во прашање се членови на една генерација од племето Апатани, крајно љубезни луѓе кои веќе стотици години живеат во оваа област и ги негуваат своите обичаи.

Првото нешто што ќе го забележите кај нив се носовите на постарите жени. Зад овој чуден обичај постои приказна. Припадниците на племето Апатани на тој начин сакале да го спречат киднапирањето на помладите женски членови од другите племиња. Тие одлучија на нивните носови да им ставаат „чепови“, а нивните лица да ги обележат со тетоважи, па на тој начин да ги направат помалку привлечни. Овој обичај со тек на време стана вистинско културно богатство на овие луѓе, а на следните фотографии можете да ја видите последната генерација на жени кои практикувале да ги ставаат овие необични додатоци во нивните носови.

Advertisement

Повеќето од нив се молат на Сонцето и Месечината, а кога ќе им се случи некоја несреќа, веруваат дека е предизвикана од одредени зли духови, па жртвуваат домашни животни како би и смириле злите духови. Познати се и по својата висока продуктивност. На пример, секој сантиметар обработлива површина која е на располагање во долината ја користат иако имаат ограничено користење на водните ресурси за наводнување на своите парцели.

Владата во 1970 година го забрани продолжувањето на оваа необична традиција на племето Апатани.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button