Овие жени од Македонија и во петтата деценија изгледаат брутално – ќе се вљубите на прв поглед во нив
Никогаш не би погодиле колку години имаат
Овие неколку познати дами од Македонија се во своите најдобри години, а сите се согласни и дека никогаш не изгледале поубаво.
Некои жени едноставно блескаат во секоја животна доба, па за нив често велиме дека се како виното – колку се постари, толку се поубави.
Тие и во младоста привлекувале внимание со својот шарм, но како минуваат годините, нивната убавина добива нова димензија.
И затоа многу пати за нив ќе прочитаме дека сега изгледаат подобро од кога било досега и дека мамат воздишки каде и да се појават.
Една од нив е и пејачката Елена Велевска, која неодамна го прослави својот 43 роденден, па затоа и со неа ја започнуваме оваа листа.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Елена Велевска
Елена веќе со години важи за една од нашите најпознати фолк пејачки, но и една од најубавите жени меѓу познатите дами.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Таа во последно време е поприлично активна на социјалните мрежи, а под секоја нејзина фотографија добива дузина комплименти.
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Сузана Гавазова
Оваа листа ја продолжуваме со колешката на Елена, Сузана Гавазова, која е малку постара од неа, но на која исто така многу помлади девојки можат да и завидуваат на беспрекорната линија.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Гавазова овој декември треба да наполни 44 години, но и покрај тоа што е во петтата деценија, се уште важи за една од најзгодните фолк-пејачки во Македонија за која времето како да застанало.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Пејачката потекнува од струмичкото село Сушица, а нејзиниот спот за песната „Буб бум“ е еден од најгледаните во Македонија.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина Гочева
Македонската поп дива Каролина Гочева (43) важи за една од најомилените пејачки од нашата земја.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Таа е родена 1980 во Битола и е една од ретките пејачки кои во кариерата два пати ја преставувале својата земја на Евровизија.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Каролина на самиот почеток важеше за тинејџерска икона, а и денес важи за икона, но овој пат во светот на модата.
Фото: Инстаграм/ Каролина Гочева
Нејзините фотографии на социјалните мрежи секогаш предизвикуваат внимание, а таа на секоја од нив блеска.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Светлана Црнокрак
Покрај трите пејачки на овој список ќе додадеме и две прекрасни дами кои веќе со децении се на насловните страни на нашите медиуми.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Една од нив е Светлана Црнокрак (47), поранешна манекенка и сопственичка на модното студио Црнокрак.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Оваа прекрасна дама и во петтата деценија од животот блеска каде и да се појави, па дури и кога е во своите најоскудни изданија.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Впрочем тоа можевме да го видиме и летово, кога во црни бикини позираше на плажа и никого не остави рамнодушен.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Таа по потекло е од Гостивар, а неодамна со сопругот Мики Црнокрак прославија 26 години брак.
Фото: Фејсбук/ Светлана Црнокрак
Тие од овој брак ги имаат ќерките Моника и Нина, кои се 13 години разлика и кои исто така тргнаа по стапките на нивните родители.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера Мештеровиќ
Познатата манекенка која од неодамна успешно плови и во водителските води, Вера Мештеровиќ (44), е уште една наша позната дама која со својата вонсериска убавина маѓепсува каде и да се појави.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Поранешната манекенка која веќе со децении е присутна во медиумите, плени и со своите фотки на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Што и да облече изгледа прекрасно, што не е ни чудно за дама со таква богата кариера како нејзината.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Вера своето тело го одржува во теретана, а нејзините фотографии на Инстаграм не можат да останат незабележани.
Поранешната манекенка во 1996 година беше прогласена за најубава жена во Македонија, но таа и денес е една од најубавите.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Покај овие неколку Македонки секако дека постојат уште многу наши познати дами кои изгледаат фатално и во својата петта деценија од животот и за кои годините се само бројка.
Фото: Инстаграм/ Вера Мештеровиќ
Но нашата цел не беше да ви ги претставиме сите, туку само да дадеме пример дека една жена може да блеска во секоја своја животна доба и да плени со својот шарм и убавина.
А овие неколку дами се совршен пример за тоа, нели?