Реклама
Вирално

Овие девојки се присилени да внесуваат по 16 илјади калории дневно и да се здебелеат – причините се вознемирувачки!

Реклама

Африканските племиња и општества често имаат невообичаени традиции кои воопшто не звучат убаво.

Една од нив е и „сексуалното прочистување”, каде што младите жени, како на пример од Малави, Кенија или Уганда, се очекува да имаат повеќе сексуални односи по првиот менструален циклус, смртта на сопругот или абортус. Друга вознемирувачка традиција е ритуалното осакатување на женските надворешни гениталии со кои жените официјално стануваат „жени”.

Маркетинг

Можеби сте слушнале за овие традиции порано, но постојат и други помалку познати обичаи кои се еднакво шокантни, на пример, „leblouh”. Се практикува во руралните области на Маурициус, Западна Сахара и Мароко, и станува збор за процес во кој девојките се подготвуваат за брак со прекумерно јадење. Имено, дебелите жени во овие делови на Африка се сметаат за попривлечни и побогати жени, додека оние слаби се практично помалку вредни и недоволно добри за брак. Овој обичај никогаш не бил официјално забранет и во овие земји продолжува да се практикува и денес.

Маркетинг

Жртвите на овој обичај обично се испраќаат во „кампови” каде што се принудени да внесуваат илјадници калории секој ден. Многу од нив потоа се разболуваат и имаат сериозни проблеми со крвниот притисок и воопшто болестите на циркулаторниот систем. Младите девојки кои не го јадат она што им го даваат ќе бидат физички казнети. Количините на храна што треба да ја изедат се абнормални дури и за поголеми возрасни мажи. Тие често треба да внесат и преку 16.000 калории на ден, така што постојано повраќаат.

Што јадат?

Па за појадок, на пример, добиваат парчиња леб кои се натопени со маслиново масло, или понекогаш во млеко од камила. После тоа, тие имаат уште неколку оброци во кои јадат големи количества леб, козјо месо, смокви, кус, уше млеко од камила… По оброкот им е забрането да се занимаваат со било каква физичка активност. Тие треба да поминат поголем дел од денот одмарајќи се за да можат побрзо да се здебелат.

Жртвите на вакви кампови најчесто се малолетнички. На пример, 14-годишната Тјанјан, која беше принудена да го јаде и она што ќе го поврати. Друга малолетничка, Суаду Исулму, помина низ исто мачење кога се подготвуваше за брак со нејзината братучед.

Таа имаше само 13 години.

Поврзано

Back to top button