Овие две убавици жареа и палеа на македонската музичка сцена, па се повлекоа – погледнете како денес изгледаат
Годините не им можат ништо и двете изгледаат прекрасно.
Лидија Кочовска и Маја Гроздановска Панчева беа и останаа едни од најубавите пејачки на македонската музичка сцена.
И двете многу млади ја започнаа својата музичка кариера и беа едни од најуспешните и најпопуларните кај нас.
ФОТО: Инстаграм / Лидија Кочовска
Препознатливи се по русата коса.
Не сакаат многу да експериментираат со физичкиот изглед и до денес и двете воопшто се немаат променето.
ФОТО: Инстаграм / Лидија Кочовска
Нивните песни ги знаеја сите и се пееја во една вечер.
„Ти си тој“, „Мачка со 9 животи“, „Заборави на сѐ“ се песните кои и денес се паметат и пејат.
ФОТО: Инстаграм / Лидија Кочовска
Иако беа во екот на популарноста и двете одлучија да се повлечат од естрадниот живот.
По долгата пауза, на среќа на нивните фанови, Лидија и Маја започнаа повторно да настапуваат и тоа заедно.
ФОТО: Инстаграм / Лидија Кочовска
И двете се вработени во хорот на МОБ, но одлучија да се вратат и на живите свирки.
Оние кои присуствувале на нивните настапи со сигурност ќе ви кажат дека забавата е загарантирана.
Денес и двете изгледаат како времето да запрело за нив, а доказ за тоа се следниве фотографии: