БЛАЗЕ СИ ИМ – Овие граѓани од 1 октомври добиваат покачување на своите приходи од 4750 денари!

Повисоката септемвриска пензија се очекува да се исплати во редовниот рок на први октомври.
Од со исплатата на пензијата врееќе се врати редовниот начин на исплата наместо предвремената исплата на пензијата воведена поради прогласувањето на пандемија во државата и донесените мерки за заштита од корона вирусот.
За време на траење на пандемијата, во соработка со деловните банки, се вршеше предвремена етапна исплата на пензиите во четири групи, како дел од препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот кај пензионерите како најранлива возрасна група, а со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Фото Илустрација
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во телевизиско гостување на КТВ најави низа мерки во делот на здравствените услуги кои ќе бидат креирани за помош на пензионерите, во соработка со Фондот и
Министерството за здравство, но вети и дека ќе се донесе закон за минималната пензија, која ќе биде дефинирана така што нема да биде под прагот на сиромаштијата.
„Ќе разговараме со Фондот за здравство да дел од оние лекарства кои најчесто ги користат пензионерите, а не се на листата, да ги ставиме на позитивната листа. Да го зголемиме прагот за бесплатното болничко лекување.“- Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика

Фото Илустрација
Од Партијата на пензионерите се убедени дека ќе се донесе Законот за минималната пензија, што според нив, значително ќе го подобри стандардот на пензионерите во земјава.
Претседателот на партијата, Илија Николовски вели дека има разбирање за оваа група граѓани и верува во позитивен исход од расправата на работната група.
„Ние предлагаме и во тоа ќе истраеме во тоа да се донесе Законот за минимнална пензија. Јас мислам дека тој Закон до Нова година ќе се донесе.

Фото Илустрација
За мене е уметност да се преживее со 12.000 денари пензија месечно. Ако го погледнеме пензискиот систем каков е, државата на два начини учествува во креирањето.
Поимот покачување на пензиите не постои, туку има усогласување во однос на трошоците на живот. – Илија Николовски, претседател на партијата на пензионери
Инаку, во земјава најбројни се пензионерите кои добиваат минимална пензија – 96.257, додека пак над 93.000 пензионери добиваат натпросечна пензија. Што се однесува до сиромаштијата во земјава, таа од година во година се повеќе расте.

Фото Илустрација
Државниот завод за статистика објави дека во 2020 година речиси 452.000 граѓани во Македонија живееле под прагот на сиромаштија. Линијата на сиромаштијата често се пресметува врз основа потрошувачката кошница, како неопходен приход на една личност или семејство за разумен животен стандард.
Пензионерите на 1 октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8%, пради растот на трошоците за живот и на просечната плата.
Тоа значи дека оние со најниски пензии, кои во моментов изнесуваат 11.897 денари, ќе добијат дополнителни 810 денари, додека, пак, 75 приматели на највисока пензија (69.803 денари) ќе се израдуваат на плус 4.750 денари.

Фото Илустрација
Од вкупно 336.806 пензионери, кои се евидентирани во ПИОМ заклучно со август, 97.033 примаат пензии до 13.300 денари, 66.454 пензионери имаат пензиски примања до 16.000 денари, а 86.719 – до 22.000 денари.
Износи над 22.000 денари добиваат 92.600 пензионери и во оваа група се највисоките пензии, кои се од 48.304 до 69.803 денари.
Пензионерите, незадоволни од ваквото усогласување на пензиите, на протести бараа линеарно покачување за сите од 3.500 денари и утврдување на минималната пензија над 18.000 денари.

Фото Илустрација
Тие велат дека, за нив, процентуалното зголемување не е прифатливо решение, затоа што потрошувачката кошничка, во апсолутен износ, за сите се зголемила исто.




