Вести

Овие граѓани од март 2024 ќе имаат 2500 денари помалку на своите сметки?!

Advertisement

Работниците нема да имаат договор за вработување, нема да можат да подигнат кредит, нема да имаат никаква гаранција.

Со овие зборови претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов ги опиша промените кои ќе ги донесат најавите за носење Предлог законот за работно ангажирање лица за вршење работи од привремена и повремена природа за одредени дејности.

Advertisement

Тој рече дека новото законско решение ќе донесе и по 2500 денари помалку на платите на работниците од март оваа година.

„Наша критика е тоа што не сме вклучени во процесот. Синдикатите не се вклучени во донесувањето на овој закон иако имаме сериозни забелешки, кои ги доставивме до сите координатори на пратеничките групи. Жалиме што се обидуваат на ваков начин на крајот на мандатот да протнат законско решение, кое ќе ги чини вработените во јавниот сектор, односно сите оние работници на кои се однесува законот за административни службеници, 2.500 денари помалку на нивната плата од март 2024 година. и сметаме дека тоа ќе биде поразително“, вели претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

„Она што го добија вработените од тој закон во 2023, денеска први ќе го загубат како право. Усогласувањето на платите се случува од март 2025 година, веројатно ја помешале годината, па во 2024 година планираат да ја скратат минималната плата како основица за пресметка на платите на вработените“, рече Трендафилов.

Во однос на предлог-законот „плата во плик“, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, рече дека за жал, биле дел од работната група што изготвувала такво законско решение.

„Меѓутоа, законското решение што планираат да го протнат преку предлог на Владата до Собранието и легализацијата на плаќањето во плик и враќањето пред 2009 година во општеството во Македонија, односно работниците да ги направиме модерни робови, на кои ќе им плаќаме придонеси од 290 денари дневно да може на дневна основа да ги повикуваат како сакаат и кога сакаат работодавците и да ги отпуштаат кога сакаат и како сакаат, мене ме потсетува на едно телевизиско шоу во Америка кога ги бркаат работниците на каков начин сакаат“, вели Трендафилов.

Според него, недозволиво е во Македонија, во 21 век, во земја кандидат за членка на ЕУ, да враќаме и да формализираме неформална економија.

„Затоа што сакаме сè е што е незаконско во ова општество да го озакониме и на таков начин да кажеме дека повеќе немаме незаконски појави. Поразително е да предлагате закон со кој ќе го елиминирате Законот за работните односи.

Патем, овие работници нема да имаат договор за вработување, нема да знаат за никаква своја иднина и егзистенција, нема да може да подигнат кредит и нема да имаат никаква гаранција. Ако законот се применува на таков начин, предлагачите нека пробаат први, па нека кажат како им е“, додаде Трендафилов.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button