Карираниот блејзер беше популарен претходната есен кога потполно неочекувано стана апсолутен хит на социјалните мрежи. Речиси да не постоеше бренд кој го немаше во своите колекции, а голем хит беше и оваа пролет кога исто така важеше за едно од омилените парчиња на бројни трендсетерки.
Главната предност на карираниот блејзер е во тоа што комбинациите со него изгледаат мошне кул, а во принцип се многу едноставни. Потребни ви се само вашите омилени фармерки, маица, чизми или патики кои во комбинација со блејзерот добиваат потполно нов шарм и изгледаат моќно.
https://www.instagram.com/p/Bd0cIZUl2eI/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Што се однесува до оваа есен, според она што можевме да го видиме од новите есенски колекции ваквиот блејзер се уште е ИН. Преовладуваат сивите карирани дезени, но мошне тренди изгледаат и зелените и црвените кои на вашите комбинации дополнително ќе им подарат посебен шарм. Покрај класичните модели со нагласени раменици, со едноредно или дворедно закопчување, во мода се и „оверзајз“ модели како и оние кои се врзуваат на половината, кои можат да бидат струкирани и кратки или да се протегаат низ колковите.
https://www.instagram.com/p/Bihw0qvhu6c/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control
Во продолжение погледнете ги најдобрите модели од познатите хај-стрит брендови, па доколку во вашите плакари се уште немате кариран блејзер можеби токму меѓу нив ќе го пронајдете и вашиот дизајн.
& Other Stories
& Other Stories
Ganni
H&M
H&M
Maje (netaporter.com)
Mango
Mango
Mango
Mango
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Massimo Dutti
Tibi
Zara
Zara
Zara
Zara