Реклама
Наши ѕвезди

ОВДЕ секогаш со задоволство СЕ ВРАЌА – погледнете како изгледа КУЌАТА на Каролина Гочева

Реклама

Таа е најпопуларната поп-пејачка во Македонија, родена е во Битола, но веќе долги години живее во Скопје.

Каролина Гочева потекнува од семејство на доктори. Нејзините најблиски се занимаваат со медицина, а таа сепак се одлучи за друга професија, во која и тоа како е успешна.

Маркетинг

Два пати ја претставуваше Македонија на Изборот за песна на Евровизија. Во 2002 година во Талин, Естонија, настапи со песната „Од нас зависи“ и се пласираше на 19 место. Во 2007 година во Хелсинки, Финска, настапи со песната „Мојот свет“, пласирајќи се како 9-та во полуфиналето, а како 14-та во финалето.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Зад себе има многу хитови, а нејзините песни ги знаеме сите наизуст.

Маркетинг

Она што се знае е дека семејството Гочеви во Битола се познати медицинари, а сестрата на пејачката, Александра за разлика од Каролина работи како анеcтезиолог во битолската клиника.

Пејачката која веќе е и мажена во Скопје, секој слободен момент го користи да ужива во родниот крај.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Во скоро секое свое интервју со љубов зборува за својата Битола.

Екипата на естрадниот магазин „Ексклузив“ беше во посета на Битола и го сними домот на пејачката.

ФОТО: Принтскрин

Оваа е куќата во која пораснала Гочева и каде го поминувала своето детство.

ФОТО: Принтскрин
ФОТО: Принтскрин

 

Каролина е доста активна на социјалните мрежи, каде понекогаш знае да споели фотографии и со своето семејство.

Она што малкумина знаат е тоа дека сестрата, а пејачката е исто така вистинска убавица.

Каролина на својот профил на Инстаграм има неколку заеднички фотографии со неа, како и од внуките Луција и Инес, односно од нејзините ќерки.

Пејачката во своите интервју многупати има изјавено дека најубаво поминато време за неа е времето поминато со внуките.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Од фотографиите можеме да видиме дека Каролина и нејзината сестра неверојатно личат една на друга.

Малкумина знаат и како изгледа мајката на пејачката која го освои Баканот.

Каролина во една прилика објави фотографија од својата мајка, по која се гледа дека таа и Александра убавината ја наследиле токму од неа.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Иста насмевка и исти црти на лицето. И таа изгледа младолико, а единствената разлика е во бојата на косата.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Пејачката пред извесно време сподели и фотографии направени за време на еден нивен заеднички семеен одмор на грчкиот остров Родос, каде Каролина е во друштво со својата мајка, сестра и внуката.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Овие фотографии ги сподели за време на карантинските денови, како спомен на незаборавните дружби со најмилите.

„Ова ми беа незаборавни седум дена со моите најсакани, денови кои многу ми недостасуваат“, напиша Каролина.
Инаку, Каролина од 2016 година плови во брачните води со уметникот Михаил Корубин.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

На Инстаграм тие објавија фотографии од венчавката која се одржува во необичен амбиент, во еден од воените хангари на аеродромот Петровец, преуреден за оваа прилика.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Михаил и Каролина дефинитивно знат како да уживаат во љубовта, но и животот.

Имено, на социјалните мрежи и двајцата не ретко објавуваат фотографии од нивните заеднички моменти.
Посебно кога патуваат на некои егзотични дестинации каде можат максимално да уживаат во својата љубов.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Каролона во една пригода за својот приватен живот ќе изјави дека нејзиниот брак изгледа како и на секоја нормална жена.

„Ние уште од почетокот кога се запознавме многу фино функциониравме бидејќи и двајцата имаме флексибилно работно време. Може сами да одредиме кога сме на одмор, кога работиме. Јас и сопругот кога сме зафатени сме зафатени 24/7, а кога сме слободни сме слободни и двајцата. Кога сме слободни и двајцата може да си го испланираме времето како што сакаме. Во тој поглед функционираме одлично“, изјави пејачката во едно нејзино интервју за естрадниот магазин „Ексклузив“.

Таа тогаш истакна и дека би сакала наскоро да се реализира како мајка, но како што вели, за сé треба трпение бидејќи „животот самиот ги планира работите“.

Деновиве на својот инстаграм-профил објави фотографија со голема симболика.

Фотографијата и зборовите што ја опишуваат предизвика бројни реакции и поддршка од нејзините колеги и обожаватели.
„Денов, месецов, годинава…“ напиша Каролина покрај црно-белата фотографија.

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

 

ФОТО: Каролина Гочева / Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Tags

Поврзано

препорака
Close
Back to top button