Овде престојува Хрватот кој е заразен со корона – вака тој ги поминува деновите до оздравување
Ѕвони таблетот околу 7 часот. Сестрите така не будат за да ни измерат сатурација, пулс и температура. Радосна вест е тоа што топломерот првпат покажува дека немам температура.
Вака го опишува почетокот на денот, првиот Хрват заболен од коронавирусот. Загрепските близнаци сега се заедно во карантин, а денот им се сведува на одмор, мерење на температура, исхрана и прошетки од ѕид до ѕид на малечката соба. Само една мисла е присутна цел ден, вели – што побрзо да оздрават и да се вратат на својата рутина.
-Кога сте нон-стоп затворени, губите поим за време па се прашувате како буквално ни изгледа денот – нив вели добро расположениот прв пациент, близнак кој со корона вирусот се заразил на натпреварот од Лигата на шампиони во Милано минатата недела. Денот му почна со добра вест -прв пат без температура, но подоцна полека пак му се покачи…
Појадокот им е вообичаен, а со него и стигнува и терапијата – две таблети кои инаку ги користат и заболените од ХИВ. Лекарите наведуваат дека веруваат дека тие може да им помогнат на заболените од корона вирусот.
-Наутро е присутен дежурниот лекар на кој преку таблет му ги јавуваме бројките. Сатурацијата која ја споменав, мерење на заситеноста на телото со кислород. Тоа го мери истиот апарат кој го мери и пулсот и се става како штипка на прстот. За три секунди покажува бројки. Потоа со обичен топломер мериме температура па сите тие бројки таблетму ги покажуваме на докторот. После тоа ни јавуваат дека ќе ја отклучат вратата и ќе ни остават појадок. Потоа го оставаат пред вратаи тие се поместуваат, а ние го земаме. Вратата повторно се заклучува – опишува детално заразениот загрепчанец. Вели дека храната во болницата е прилично добра.
-Немаме замерки. Наутро се јаде леб со некое крем – сирење или путер и мед. Потоа после појадокот повторно одмараме – вели тој. Утрото без температура посебно го развесели.
-За жал не траеше долго. Веќе на второто мерење околу пладне имав температура 37,5. Некако утрото се надевав дека нема да се врати, но тоа е, вели искрено пациентот. Ручекот ми е околу 12.30 часот и тоа е процедура исто како за појадок, само што ни даваат супа, ќофте, пире или ослиќ со компири (тоа што јаделе досега), а добиваат и пудинзи збогатени со протеини.
ДНЕВНИК НА ПАЦИЕНТ ЗАРАЗЕН ОД КОРОНА
07:00 Будење преку таблет и мерење на температура
08:00 Појадок и земање лекови за лекување на корона вирусот
12:00 Мерење на температура и степен на кислород во крвта
12:30 Отклучување на вратата поради ручек и протеински десерт
– Исто така и за вечера ни даваат протеински шејкови. Ако нешто дополнително ни треба јавуваме по таблетот. Имаме и контакт со лекарите и останатиот персонал кои може да ги повикаме восекој момент – појаснува тој. Ги прашавме дали може да порачуваат храна и дали тоа го правеле.
– Можеме, но не можеме да порачаме било што. Дозволени ни се бисквити, слатки и слични продуктри, но не смееме да добиеме храна која некој дома ја зготвил. Бидејќи и мајката ни е во домашна изолација, повикавме пријатели кои ни носеа што сакавме. Колку што ни е познато, тоа го оставаат пред болницата, а потоа по протокол се дезинфицира. До нас доаѓа тоа со вечерата во веќе опишаната процедура, додава тој. Еднаш на ден под полна опрема во соба ни влегува дежурен лекар да провери како се чувствуваме.
-Секогаш со нас разговараат, не охрабруваат и ни влеваат доверба. Навистина сегрижат за нас и ни помагаат, вели тој.
Опиша и за што размислувал кога дознал дека е позитивен на корона.
-Искреноцело време се чувстував прилично добро и не се плашев ниту во еден момент. Не паничев, ниту размислував дека луѓе умираат од тоа, зошто едноставно не ми беше лошо. Немав ниту пак имам некакви респираторни проблеми, не кашлам, не ме боли грло, белите дробови ми се чисти. Но се загрижив за мајка ми, бабите, дедовците и колегите во фирмата – раскажува ова момче. Ве молам да ги поправите неточните информации што се појавија во медиумите.
– Следиме се што се пишува и објавува врзано за корона вирусот па видов дека е објавено некаде дека мајката на мојата девојка е докторка која прва ме прегледала и дека и таа има симптоми. Тоа не е вистина. Мојата девојка е докторка, но не сум се видел со неа ниту ме прегледала, а и таа нема симптоми – додава тој. Девојката која била со него во Милано, со која патувале со автобус, два пати е тестирана и двата наоди се негативни. Додека тој бил на стадион, таа го чекала во апартманот.
– Таа нема симптоми ниту температура, освен што малку и се крена од стрес кога и јавив дека сум заразен – рече пациентот. Пријателите и колегите постојано ми се јавуваат и така ми поминува времето малку ги тргам мислите од корона. Но вирусот сепак е топ тема па некогаш и се шегуваме на сметка на корона.
„Братот и јас се заедно поминуваме“
– Е да, досетливи се сите,смислија безброј вицови. Едни ми пишуваат дека мора нешто гадно да сум направил кога не сум успеал девојката да ја заразам. Други велат дека виновен е Динамо, зошто да не примеше два гола од Шахтјор, немаше за завршам во Милано. Ете така се смееме, а со братот близнак ги минуваме заедно сите животни препреки.
– Цел живот сме заедно и се поминуваме заедно само сега накратко не раздвои корона. Но не за долго, вели тој и додава: Од градинка па до факултет. Заедно и студиравме па и проблемите околу испитите ги поминавме заедно. Цел живот се заедно сме пребродиле па и овој пат ќе биде така.
Открива дека и тој има девојка, но таа не била во опасност од зараза, зошто била на пат па воопшто не се виделе.