Вести

Ова e ПРИЧИНАТА зошто Драгана Мирковиќ се разведува од Тони: Ова не можеше пејачката повеќе да го поднесе

Advertisement

Пејачката Драгана Мирковиќ ја извести јавноста дека поднела барање за развод, објави Република.рс. Пејачката ја информираше јавноста за својата одлука, која ја пренесуваме во целост:

– Како некој кој целиот свој живот го заснова на чесност, чувствувам морална обврска денеска да и се обратам на целата јавност.

Advertisement

Со голема тага морам да ве информирам дека поднесов барање за развод. Мојот однос со Тони веќе подолг период не беше како што беше, а последните три години практично водевме одвоени животи и не живееме под ист покрив. И покрај сите непомирливи разлики, за доброто на моето семејство и затоа што така бев воспитана, направив се за да ја спасам заедницата што некогаш ја имавме. Меѓутоа, со текот на времето, тој јаз стана поголем и сфатив дека повеќе им нанесуваме штета на нашите сакани со тоа што насилно остануваме во нешто што долго време не функционира, отколку со ставање точка на нашиот брак.

инстаграм

Сигурно останувам доследна на моите принципи, на мојот начин на живот, исто како што останувам верна на моето семејство и на мојата публика и секогаш ќе имам почит кон Тони како татко на моите деца и некој со кој поминав многу убави години.

Поради сето тоа ова е моето единствено обраќање во однос на се, им благодарам на медиумите за досегашната соработка и ве молам да ја почитувате оваа одлука и да не ја зголемувате тежината на моментот низ кој минува целото наше семејство. Со надеж дека следниот пат ќе ви се јавам со многу подобри вести, однапред ви благодариме за разбирањето.

Advertisement

Во изјавата што ја испрати до медиумите, Драгана истакна дека таа и Тони веќе три години не живеат под ист покрив.

инстаграм

Ова се петте клучни причини кои Драгана ги наведе во соопштението.

– Долго време Тони не е тоа што беше.

– Јазот меѓу нив двајца стануваше се поголем и поголем, иако таа на секој начин се обидуваше да ги надмине.

– Поради Тоња, таа не сакаше да ги промени своите принципи и нејзиниот начин на живот.

– Таа сфатила дека повеќе им штетат на своите најблиски со тоа што насилно остануваат во нешто што долго време не функционирало.

– Постоеше непомирлива разлика меѓу двајцата.

Како што дознава Блиц, Тони Бијелиќ има нова девојка и живее со неа во Германија.

Драгана Мирковиќ остана со своите деца во нивниот дом во Виена, величествениот замок за кој се зборува со години.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button