Ова ќе беше уште едно совршено летно издание на Софија Вегара да НЕ беа грдите сандали
Една од најубавите жени на светот во совршено летно издание кое успеа да го упропасти со изборот на сандалите…
Откако го прослави 46 роденден познатата холивудска актерка одлучи да се почести со скапоцен третман во позната дерматолошка клиника на Беверли Хилс, привлекувајќи бројни погледи вклучувајќи ги и оние на папараците што убавата Колумбијка ја фатија во ова женствено издание.
Софија која важи за една од најубавите жени на светот и за најплатените телевизиски актерки, во секоја пригода е дотерана од глава до пети, а овој пат носеше преубав фустан со спуштени ракави, со популарниот „гингам“ дезен кој важи за еден од најпопуларните трендови за оваа сезона, а со него го прошета и модниот додаток кој исто така е голем хит во овој момент – сламена чанта.
Но она што не функционира на овој беспрекорен стајлинг дефинитивно се изборот на нејзините бели сандали со кои го упропасти целото издание.
Имено, познатата актерка обожава да носи опасни високи потпетици од кои не се откажува по секоја цена, но овој пат навистина направи потполно погрешен избор со овие впечатливи бели сандали со полна пета.
Што мислите вие?