Реклама
Новости

Ова јајце ја турна од престолот најпознатата ријалити ѕвезда на светот

Реклама

Фотографијата на која Кајли Џенер ја држи за раката својата тукушто родена ќеркичка до неодамна имаше најмногу лајкови на оваа популарна социјална мрежа.

Нејзината фотографија која го држеше рекордот имаше 18 милиони лајкови, а сега во тоа ја победи – јајце.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/Be3rTNplCHf/

Да, најобично јајце на бела позадина. Профилот е неодамна отворен, и содржи само една фотографија со јајце, која се нарекува „Јајце кое го држи рекордот“.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BsOGulcndj-/

„Ајде да се обидеме да поставиме нов светски рекорд и со оваа фотографија да освоиме најмногу лајкови, повеќе и од Кајли Џенер која во моментов го држи рекордот со 18 милиони”, пишува во описот на необичната фотографија.

Ова јајце засега има преку 44 милиони лајкови, и оваа цифра постојано се зголемува, па така во еден ден од претходната недела, и тоа за само три часа, од  14 милиони, се искачи на бројка од 18 милиони.

https://www.instagram.com/p/BsmPezCnZ4I/

 

На победата на ова јајце реагираше и познатата ријалити ѕвезда, која го зеде во рацете и го скрши од асфалтот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button