Ова симпатично момче од Македонија Цеца го ОБОЖАВА – со својот НЕОДОЛИВ ШАРМ ги освои сите во „Ѕвездите на Гранд“
Во последната емисија од популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ Дарко Ѓорѓески од тимот на Цеца се соочи со Невена Марковиќ од тимот на Ана Бекута.
Тие со своите настапи не успеаја да го освојат жирито така што на кракот резултатот беше 4:3 во корист за Дарко.
Мили беше прв кој го коментираше настапот и без премногу да објаснува заклучи дека ова гласање од страна на жирито беше реално ако се земат предвид грешките што младите натпреварувачите ги направија на сцената.
Сличен коментар имаше и Босанац според кого и двајцата не беа добри, а бидејќи Снежана Ѓуришиќ го убедуваше дека Македонецот беше подобар, тој не се сложуваше со неа и изјави дека првата кандидатка била поубава.
Од друга страна Ѓорѓе Давид кој се обидуваше да добие збор од Вики Миљковиќ која му дофрли дека не сака да го слушне неговиот суд, сакаше да каже дека Ѓорѓески е сериозна фора и дека останатите очигледно не можат тоа да го разберат, за разлика од Цеца која уште во првиот круг го препозна неговиот потенциј и реши да го земе во својот тим.
„Ние не сакаме фори, сакаме сериозни пејачи“, се побуни Ѓуришиќ.
Марија Шерифовиќ се согласи дека и двајцата кандидати грешеле, но сепак предност му дава на Дарко.
Потоа се јави и Цеца која е менторка на младиот пејач кој живее во Австрија, но по потекло е од Македонија.
„Што се однесува до мојот кандидат, тој ми е тинејџ ѕвездичка, мора да се доработи, доштрафи, енергија, отворија ја устата и смеј се вре! Македонче мое, дај ми ја таа енергија“, му порача популарната фолк-ѕвезда.
На крајот Саша Поповиќ одлучи да и даде глас на Невена така што и двајцата заминаа во бараж.
Напнато беше до самиот крај на емисијата, посебно што во овој круг многу малку кандидати директно се кандидираа за следниот круг. Имено, само двајца успеаја да поминат, а дали жирито се држеше до построги критериуми или повеќето натпреварувачи не го дадоа својот максимум ќе остане непознато, додека во баражот се најдоа 14 кандидати. Од нив само девет кандидати поминаа, а меѓу нив и Дарко Ѓорѓевски како и Невена Марковиќ која настапи во дуел со него.
Пејачот од Македонија имаше многу подобар настап за време на своето повторно изведување на песните, така што успеа да се пласира во следниот круг. Покрај него во бараж беше и Филип Ангов од Гевгелија (види тука), кој исто така успеа да се покаже во подобро светло и да се пласира за следниот круг.
Инаку, Дарко пред да се појави во „Ѕвездите на Гранд“ никогаш не настапувал пред публика.
Но со својот прв настап тој ги освои симпатиите на сите, а посебно воодушевени беа Ѓорѓе Давид и Светлана Цеца Ражнатовиќ.
Тој има 23 години и живее во Австрија, а како ова симпатично момче изгледа и во приватниот живот, погледнете во продолжение.
Целата емисија погледнете ја на крајот од галеријата…
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Фото: Инстаграм/ Дарко Ѓорѓески
Извор: Гранд.онлајн, Гламур