Реклама
BEAUTYКоса

Ова се фризурите што многу Македонки ќе ги носат во 2025 година

Стаклена коса?!

Реклама

Светките писти од секогаш ја диктирале модата, и покрај тоа што денес социјалните мрежи можеби носат нов бран на модни трендови, оние кои ја разбираат модата во суштина ги следат правилата на дизајнерите.

Ако зборуваме за фризури тогаш Модната недела во Њујорк ни откри на што треба да се фокусираме следната сезона.

Ако сте храбри, сакате да екпериментирате, тогаш доаѓа вашето време. Со овие типови на фризура ќе бидете ин.

Маркетинг

СТАКЛЕНА КОСА

Продолжува трендот на ултра сјајна коса што ја рефлектира светлината. Моделите на Ралф Лорен на модната ревија во Њујор воодушевија со овој сјаен, здрав изглед на косата.

Маркетинг

 

BANGED BOB

Остри  шишки и правилен финиш додаваат драма и софистицираност, што ја прави оваа фризура совршена за луѓе кои сакаат да ја истакнат својата личност.

МАКСИМАЛИСТИЧКИ МАШНИ

Машните не само што не излегуваат од мода туку добиваат една моќна димензија. На ревијата на Chopova Lowena, во комбинација со неонска шминка и бордо плетенки, машничките добија сосема нова, потемна димензија. Овој тренд ги подига фризурите на повисоко ниво, далеку од слатки и симпатични, преминаа во „опасно секси“. Кој би рекол?

ЦВЕТ ВО КОСА

Ова лето практично и да немаше жена што не ги купи трендовските шноли во форма на цвет. Трендот продолжува драги дами и за следната сезона. Погледнете како тоа добро го прави Каролина Херера,

 

ТЕКСТУРИРАНА БОБ ФРИЗУРА 

Боб фризурата се чини како никогаш да не излегува во мода, но овојпат во малку поинаков изглед, Следната сезона дамите ќе го носат со малку свиткани врвови и да се добие колку што може поголем волумен.

ЗАЛИЖАНА РЕП ФРИЗУРА 

Овој тренд одлично им прилега на жените со долга коса. За некоја свеченост одберете фустан со гол грб и оваа фризура ќе ви направи celebrity look.

МИКРОШИШКИ 

Микрошишките се само за оние кои имаат храброст, но и андрергарунд стил, Овој тренд е уникатен и треба да соодвествува со акрактерот на личноста. едноставно не може секој да ги носи,

Инстаграм
Инстаграм

Која фризура најмногу ви се доапѓа од трендовите за 2025 година?Дали би направиле нешто од овие фризури?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button