Вирално

Ова се резултатите од најновото истражување: Децата имаат 44 отсто помали шанси да се заразат од коронавирус

Advertisement

Ново истражување покажа дека децата имаат 44 отсто помалку шански да се заразат од корона вирус отколку возрасните. Ова го покажа истражувањето спроведено од тим научници спроведено на чело со претседателот на британскиот Кралски колеџ за педијатрија и здравје кај деца.

Advertisement

Тимот научници изврши преглед и анализа на 32 студии и откри дека децата како и адолесцентите помлади од 20 години имаат за 44 отсто помали шанси да развијат секундарна инфекција од САРС-КоВ-2, отколку постарите лица од 20 години, пренесува Ројтерс.

Во истражувањето се наведува дека постои прелиминарна евиденција, дека децата помлади од 10 до 14 години имаат мали шанси да се заразат од САРС-КоВ-2 отколку возрасните, како и дека адолесцентите изгледа приближно поеднадкво подложни на тоа како и возрасните.

Деновиве се повеќе се зборува дека децата во градинките ќе треба да носат маски, што предизвика голема полемика.

Advertisement

 

Еве што мислат германските стручњаци. Носењето маска за лице е препорачано или задолжително во многу земји за борба против коронавирусот, но лекарите предупредуваат дека треба да се претпазливи кога станува збор за деца.

Прашањето е дали одлуката да се носи маска за лице е разумна? Тоа е, но под одредени услови и во одредена возраст, вели германското здружение за педијатри.

Две работи се потребни за да се обезбедат маски за заштита на оние околу нас и да не се изложува лицето што ги носи. Прво, маската мора целосно да го покрие лицето од носот до брадата и треба да се прицврсти на кожата.Второ, еднаш да се стави на лицето веќе не треба да го допираме.

Кога станува збор за деца, нереално е да се очекува дека тие ќе ги исполнат овие услови, особено оние во рана возраст.

„Помладите деца веројатно нема да ја допрат маската само доколку постојано ги предупредуваат нивните родители – колку е помладо детето, толку почесто ќе ја допрат маската“. Затоа, германското здружение за педијатри утврди кои деца можат да носат маски: Според нив, тие се над 2 години.

Носењето се препорачува само во затворени простории, додека тие не се задолжителни на отворено, тврдат германските лекари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button