Вести

Ова се производите кои од утре поевтинуваат во маркетите!

Advertisement

Над 50 различни прехранбени производи од среда ќе бидат означени со етикета „Загарантирана цена“, мерка која има за цел да ги заштити потрошувачите од манипулација на трговците по претераните цени.

Од 20 ноември на секое продажно место во земјава граѓаните ќе можат да купуваат млечни производи, пченични производи, месни производи и овошје и зеленчук поевтино за 10 отсто.

Advertisement

На листата подготвена од Министерството за економија се очекува да има млеко, сирење, кашкавал, компири, домати, пиперки, јајца, ориз, кромид, црвено и бело месо, риба, грав, брашно, масло, шеќер и разновидни други производи. Од петок нема да се дозволува акциска продажба.

Фото Пекселс

Продолжуваат преговорите со производителите и дистрибутерите на безалкохолни пијалоци, за намалување на цените и на овие производи.

производителите и снабдувачите на пијалоци, од кои очекувам позитивна реакција дека во следната одлука, покрај хигиенските средства, и пијалоците ќе бидат вклучени“, вели Бектеши.

Министерот Бектеши ги повикува сите производители и трговци кои нема да бидат опфатени со владината мерка доброволно да се вклучат во акцијата за намалување на цените и да имаат можност да ја користат ознаката „загарантирана цена“. За оние кои сакаат да манипулираат, најавени се строги контроли и казни.

Фото ФБ

Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска на прес-конференција соопшти дека утврдена е листата на производите кои од утре ќе се продаваат со намалена цена.

Станува збор за: бел ориз во пакување од 900 грама до 1 килограм, пченично брашно, бел и полубел леб 450 грама – цел и сечен на парчиња со исклучок на свеж леб печен во маркетот, бисквити, наполитанки со фил или без, тестенини од 500 грама, јунешко месо без коски, свинско месо без коски, мелено месо – свинско и јунешко, пилешки стек, чаен колбас, пилешка посебна салама,

паштета од џигер или пилешка, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8%, 3,2% и 3,5% во пакување од литар, јогурт од кравјо млеко со масленост од 2,8 до 3,2% во пакување од литар и литар и пол, кисело кравјо млеко, павлака со масленост од 12 до 20%, кравјо бело сирење и мешано сирење, кравји и мешан кашкавал, свежи јајца од кокошка и целото овошје и целиот зеленчук.

Ова значи дека од цените кои биле во маркетите на 1-ви август кај овие производи, дополнително треба да се намалат за 10%.

Фото ФБ

Горенаведените производи треба да бидат обележани со ознаката „гарантирана цена“ на рафтовите во ланците супермаркети.

Доколку не се почитуваат мерките, казната може да биде и забрана за вршење на дејност. Надлежноста ја има Државниот пазарен инспекторат, рече Бектеши на прес-конференцијата во Влада.

Фото ФБ

Воедно, преку Бектеши, Владата ги повика компаниите до среда сами да предложат цени на артиклите кои би се намалиле за дест отсто.

Од среда Државниот пазарен инспекторат ќе има засилени теренски контроли. Притоа, новина е што инспекторите имаат право да изречати и забрана за работење, а не како досега само парична казна.

Погледнете ја листата на прехрамбени производи кои согласно владината одлука треба да поевтинат за 10 отсто. Тие во маркетите ќе бидат обележани со „гарантирана цена“, до крајот на ноември 2023 година.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button