Реклама
Вирално

Ова се најскапите држави во Европа – нема да ви се верува на кое место е Македонија, иако основните производи во Германија се поевтини!

Реклама

Според најновите податоци на Еуростат најскапа земја во Европа е Исланд.

Цените во оваа земја минатата година беа дури 56 отсто повеќе од европскиот просек. Втора на оваа листа е Швајцарија, а трета Норвешка.

Маркетинг

На пример, пица во исландски ресторан чини 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца е околу 85 евра, шише вино во продавница е 17 евра, а пакување јајца 5 евра. Сепак, просечната бруто плата на постојано вработените на Исланд изнесува околу 4.500 евра. Кирија за помол стан во центарот на Рејкјавик е 1.300 евра месечно.

Кога во прашање е регионот, најскапа е Хрватска, каде водата е околу 2,5 евра.

Маркетинг

Словенија се наоѓа на 19 место.

Црна Гора е на 30. место, па следува Србија, додека Босна и Херцеговина е на 34. место на листата на најскапи земји, а зад неа се Македонија и Турција е последна по цените во Европа.

Ова е пописот на европските земји од најскапата кон најевтината:

1. Исланд, 2. Швајцарија, 3. Норвешка, 4. Данска, 5. Ирска, 6. Луксембург, 7. Финска, 8. Шведска, 9. Велика Британија, 10. Холандија, 11. Белгија, 12. Франција, 13. Австрија, 14. Германија, 15. Италија, 16. Шпанија, 17. Кипар, 18. Португалија, 19. Словенија, 20. Грција, 21. Малта, 22. Естонија, 23. Летонија, 24. Чешка, 25. Словачка, 26. Хрватска, 27. Литванија, 28. Унгарија, 29. Полска, 30. Црна Гора, 31. Србија, 32. Албанија, 33. Романија, 34. Босна и Херцеговина, 35. Бугарија, 36. Македонија, 37. Турција.

Исти бројки, од малку поинаков агол

Но за разлика од цените во рестораните и кириите, цените на основните прехранбени производи, како и средства за хигиена, во Германија, верувале или не, се далеку поевтини од истите производи во супермаркетите низ Македонија. Тоа значи дека просечниот македонски граѓанин плаќа многу повеќе за основните продукти отколку германските потрошувачи, посебно ако се земе предвид големата разлика во стандардот и примањата.

Во продолжение следуваат резултатите од истражувањето на Дојче веле кое го спроведе низ германските и македонските супермаркети.

Леб

Во просек, векна бел леб од 750 грама во Германија чини 0,85 евра (51 денар), а француски багет од 250 грама чини 0,60 центи (36 денари). За разлика од Германија, во Македонија векна бел леб од 250 грама чини 27 денари, а некаде достигнува и 39 денари.

Масло за јадење

Еден литар од најевтиното сончогледово масло за готвење во Германија чини околу 1 евро (60 денари).

Во Македонија еден литар од најевтиното масло чини 65 денари.

Млеко

Еден литар кравјо трајно млеко со масленост од 3,2 проценти во Македонија може да се најде за најниски 38 денари, а просечната цена се движи околу 45 денари за литар.

Во Германија, најевтиното млеко започнува од околу 0,55 центи (33 денари), а поскапото „Алпско“ млеко е околу 1 евро.

Кашкавал

Кашкавалот од типот Гауда и Едамер во Македонија чини од 350 до 370 денари за килограм.

Во Германија, холандската Гауда ќе ве чини околу 5 евра за килограм (300 денари), а Ементалер околу 5,4 евра (330 денари).

Пиво и алкохол

Просечната цена на пивото е нешто пониска во Македонија и тоа само за домашните марки. „Хајнекен“ од 0,33 литри во Македонија чини 55 денари. Во Германија нешто под 1 евро, доколку купите „сикспек“.

Вино

Цените на виното во Македонија се релативно високи во споредба со она што се нуди на европските пазари. Најевтиното сортно македонско вино започнува од 170 денари за шише, а поквалитетното се нуди во просек за 500 денари.

За споредба, македонско вино флаширано во Германија во овдешните супермаркети чини 1,6 евра (100 денари). Врвните сорти во Германија можат да се купат за просечни 6-7 евра.

Шампони за коса и гел за туширање

Разликите се големи и во цените на шампоните за коса меѓу двете земји иако се работи за истиот маркет. Шампон „Пантен Про-В“ од 200 милилитри во Македонија чини 208 денари, а во Германија 1,45 евра или околу 90 денари.

Извор: Дојче веле, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button