Ова се најскапите високи потпетици во плакарите на Карлеуша и најпровокативниот модел на фустан што со години го носи
Карлеуша е најпознатата модна икона во регионот.
Балканската поп дива Јелена Карлеуша речиси секојдневно ги изненадува фановите со своите модни изданија.
Таа во гардероберот поседува многу парчиња што се сон на секоја дама, а тоа важи и за нејзините обувки.
Нејзината колекција е составена од најскапите и најекстравагантните модели на чевли од познатите светски дизајнери, а карактеристично за неа е и тоа што секогаш ги носи на посебен, впечатлив начин.
Таа со својот беспрекорен стил знае како да го привлече вниманието, а не ретко дури и на светската јавност.
Имено, познатата пејачка никогаш не криела дека чевлите се нејзина најголема страст, а во продолжение ќе ви откриеме кој модел во нејзините плакари потрошила најголема сума на пари.
Во прашање се чизмите „YSL Cristal boots” за кои Карлеуша издвоила фрапантни 10.000 евра.
Екстравагантните чизми се зачинети со кристали, и тие сами по себе се ѕвезда во секоја модна комбинација.
Карлеуша досега ги има носено во најразлични изданија, и секогаш на еден оригинален и ефектен начин.
Карлеуша како инспирација на познатите балкански модни блогерки
Колку Карлеуша со своите екстравагантни модни приказни ги воодушевува сите може да се забележи и од тоа што дури и модните блогерки не ретко ги копираат нејзините фасцинантни комбинации.
Тоа впрочем можевме да го видиме и неодамна кога инфлуенсерката Надџа Станојевиќ се прошета во фустан каков Карлеуша во изминативе неколку месеци го носеше во неколку различни варијанти.
Во прашање е црн модел со отвор под градите, што ја следи линијата на телото и има длабок шлиц.
https://www.instagram.com/p/COzqDnLhscQ/
Токму голите делови на кожата, отворите на критични места и длабоките шлицови се детали што ги обожава и Карлеуша.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Таа едноставно не може да им одолее на креациите кои откриваат и го истакнуваат нејзиното тело, а бидејќи е во топ форма и има перфектна фигура, која што ја одржува со посебен режим на исхрана, воопшто не изненадува што обожава и нема никаков проблем да носи токму вакви модели на фустани што во горниот дел изгледаат како костими за капење.
https://www.instagram.com/p/BRRi_P7jCEd/
https://www.instagram.com/p/BRRpaxvDXxB/
https://www.instagram.com/p/BbD4llVjTla/
https://www.instagram.com/p/BcluoKenewP/
https://www.instagram.com/p/BYThyOnh3tk/