Кога еден катарскиот шеик го прашал консиержот во хотелот „Рафлс Дубаи” да му достави подарок за неговата сакана сопруга, тој механички му одговорил: „Секако, господине. За каков подарок станува збор?”
„Rolls Royce Ghost, најновиот модел”, му одговорил шеикот и побарал од него да биде предаден следната вечер.
Тоа беше 2012 година. Харолд Абонитал, главниот портир во хотелот Хабтор Палас денес, смета дека ова било најголемиот предизвик, за него во текот неговите 14 години работно искуство, пишува CNN.
„Беше напнато”, се присетува тој. Тоа беше четвртокот вечерта, а во петокот, кој е во Дубаи главниот ден на викендот, повеќето продавници се затворени. Побрзал кон изложбениот салон на Ролс Ројс и го зел автомобилот до 20 часот. Но, како со возилото од 300 илјади долари да помине 400 милји до следната вечер? И да го достави подарокот?!
https://www.instagram.com/p/BuDzTe8HNum/?utm_source=ig_embed
Во мрежата на контакти, тој нашол другар чиј вујко работел во шпедиција. Тој му помогна да обезбеди авион што може да го носи автомобилот. „Ќе чини 350 илјади дирами”, му кажал другарот, а тој само му одговорил: „Немој да ми зборуваш за тоа, само да стигне автомобилот“.
Златни клучеви
Да се исполнат сите барања на богатите гости е главната карактеристика на секој член на „Les Clefs d’Or“, меѓународна асоцијација на елитни консижери. Тие се препознатливи по неколкуте златни клучеви кои им стојат на сакото, мрежата вклучува 80 земји и има околу 4.000 членови.
Ела Ланзанас, шефица во хотел со пет ѕвездички во Дубаи и на мрежата наведена погоре, мораше еднаш да најде либанска фризерка, да ја убеди да ги откаже закажаните состаноци и да изнајми чамец за да може да го однесе гостинот на тридневно крстарење на кое беше и фризерката.
„Таа рече дека нема да има време за салонот по крстарењето, а треба да оди на убава вечера”, се сеќава Ела.
„Clefs d’Or“ му го овозможи тоа. Без проблем.
„Најважно е да ги задоволиме итните барања и да ги направиме напите гости среќни”, вели Ела. „Дамата беше многу задоволна од нејзината фризура”.
https://www.instagram.com/p/Bt5SrLJHw26/
Обезбедување „чист луксуз”
„Консижерот ќе го прифати секое барање сè додека тоа е морално, легално и можно”, објаснуваат тие на LinkedIn. „Луксузот е во крвта на Дубаи”, вели Абеј Сем, претседател на Обединетите Арапски Емирати „Леф Клефс”.
Гостите му дале необележано и речиси празно шише парфем. Го имаат од пред неколку години и не можеа да се сетат каде го купиле парфемот. Сам вели дека Дубаи има повеќе од 200 парфеми – но никој од нив го немал ова. Потоа го зел парфемот до производителот, кој според хемискиот состав на шишето го произведувал овој парфем.
„Кога им го дадов, тие беа воодушевени – поминаа четири дена во потрага по него”, вели Сем.
https://www.instagram.com/p/BqHwX5zn0Ep/?utm_source=ig_embed
Потрошувачи и технологија
Технолошкиот развој го направи консиержскиот бизнис поконкурентен. Тие се борат против Гугл и Инстаграм, па мора да ги следат отварањата на врвни ресторани, изложби и други атрактивни локации во градот.
„Гостите сѐ уште бараат консиерж и бараат препораки, но исто така очекуваат и лична услуга – особено кога ќе ги видат златните клучеви – тие очекуваат да биде испорачано нешто необично”, вели тој.
Една од најчудните достигнувања на Џорџ беше кога можеше да најде „Gyokuro Genmaich“, редок јапонски зелен чај од кафеав ориз, кој чини околу 16 долари за 100 грама. „Клиентката ми рече дека го барала тоа во последните 4-5 месеци и не можела да го најде.”
https://www.instagram.com/p/Br99PfXDufu/
Ексклузивно членство
Да се стане член на Леф Клефс д’Ора не е лесно. Потребни ви се најмалку пет години искуство во оваа дејност, а и покрај тоа, кандидатите мора да подлежат на сеопфатен преглед и процес на интервју. „Ги гледаме нивните знаења, вештини и ставови”, вели Сем. Но, откако ќе влезете, наградите се вредни за секој ваш напор. Членовите имаат пристап до меѓународна мрежа на консиержи, која обезбедува увид во бесконечна база на податоци за контакти кои ќе ви помогнат да ги задоволите барањата на гостите.