Реклама
Вирално

Ова преслатко детенце се роди со коса долга 5 сантиметри

Реклама

Поради својата долга црна косичка, родителите на ова преслатко момче во шега го викаат Могли.

Уште додека бил во стомакот на својата мајка докторите на сонограм ја забележале неговата долга коса која тогаш имала околу 1 сантиметар. Но и покрај тоа што знаеја за тоа, неговите родители Сара Морис и Џошуа Џонес беа изненадени која нивниот син се роди со прекрасна долга коса.

Маркетинг

Па така поради неговата убава и долга коса, тој првото шишање го доживеа кога имаше само осум недели.

Маркетинг

Неговите родители открија дека минувачите често ги сопираат на улица за да се порадуваат на неговата преубава коса.

„Оскар е свесен за својата коса. Кога ќе го легнеме, тој ќе ги стави рацете над себе и ќе се игра со својата коса. Но ќе почне да плаче ако случајно се искубе, бидејќи често рацете ќе му се заплеткаат во неа. Додека бев бремена имав проблеми со мачнина и киселини па често одев на прегледи и затоа многу рано открија колку му пораснала косата. Знаевме дека ќе има коса кога ќе се роди, но ова не го очекувавме.“

„На прв поглед ни изгледаше како Могли“, вели мајката на ова преслатко детенце со посебен прекар.

 

Поврзано

Back to top button