Реклама
Диети

Ова овошје има НАЈМНОГУ ШЕЌЕР и поради него нема никогаш да ослабете: Доктор вели дека реба да се тргне од исхраната

Кои видови на овопје содржат најмногу шеќер

Реклама

Доктор Мајкл Мозли, специјалист за диети детално анализирал кои видови овошје содржат најмногу шеќер, нагласувајќи дека треба под итно да се исфрлат од исхраната.

Не е секое овошје исто, тврди експертот за диета, доктор Мајкл Мозли. Кога станува збор за борбата со вишокот килограми тој предупредува дека треба да се поведе сметка за овошјето кое го конзумирате затоа што постојат видови кои имаат доста природен шеќер во себе што ќе спречи да изгубите вишок килограми.

Во таа група, верувале или не, се вбројува и тропското овошје како што е ананасот, за чиј сок луѓето веруваат дека топи масти, а потоа мангото и дињата. Нив, како што тврдат нутриционистите, треба да ги исфрлите од исхраната ако сте на диета.

Маркетинг

ЕДНО ЈАБОЛКО ДНЕВНО

Според Мозли, доколку сакате да ослабете морате од менито да го исфрлите шеќерот, но и овошјето богато со природни шеќери.

Маркетинг

-Тука се мисли на егзотичното овошје: ананасот, мангото и дињите. Наместо нив, јадете јаболки, зрнесто овошје и крушки. Јаболките се исклучително здрави и само една дневно овозможува бројни бенфити на вашиот организам. Само една јаболка дневно ја подобрува циркулацијата, ја поттикнува работата на мозокот и го намалува струкот, сѐ во едно – рекол д-р Мозли.

Како што додал, јаболката помага во намалување на холестеролот и намалување на воспаленија во организмот, но треба да се јаде со кора откако темелно ќе се измие под млаз студена вода.

-Основата на секоја диета е да ги исфрлите шеќерите. Тоа значи да не јадете слатки, да не пиете газирани пијалоци и да не конзумирате десерти. Наместо тоа, кога ќе ви се јаде нешто благо изедете една коцка црна чоколада – додал тој.

ЈАЈЦА ЗА ПОЈАДОК

Зборувајќи за здрав појадок д-рМозли нагласив дека индустриски преработените житарки и разните видови снегулки имаат многу шеќери и дека треба да се исфрлат од менито.

-Наместо тоа денот започнете го со јајца. Варени, на око, кајгана, омлет.има толку начини на кои може да подготвите јајца за појадок. Подолго ќе ве држат сити од житарии или тост – нагласил тој.

Како добар избор за појадок тој препорачал јогурт со мало нивно на масти во кои ќе додадете зрнесто овошје или јаткасти плодови, а одзгора ќе посипете малку цимет.

-Зеленчукот е исклучително важен за правилно функционирање на нашето тело.

Конзумирањето на само три ипол шолји брокули дневно значително ќе ја подобри работата на цревата, ќе му донесе здравје на мозокот, ќе ни намали воспаленијата, ќе го зајакне имунитетот и ќе помогне при слабеење – нагасил тој.

Ако имате проблем со спиење едно киви навечер пред спиење ќе ви помогне побрзо да потонете во сон и подобро и поквалитетно да спиете.

Д-р Мозли смета дека медитеранската исхрана е најрава и дека ако се храните на тој начин помали се шансите во организмот да внесувате нездрава храна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button